С-125
Виталиј В. Кузмин/Wikimedia commonsПоголемиот дел од современите противвоздушни комплекси „Панцир-С1“, „Бук-М2Е“ и модернизираната „Печора-2М“ во моментов го чуваат Дамаск од воздушни напади. Затоа ракетите на израелските офанзивни авиони F-15 мораа да ги соборуваат противвоздушни комплекси од 60-те години. И таа задача во голема мера ја извршија.
Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, од осум ракети се соборени пет: дел собориле системите С-125, дел „Бук-М2Е“ распоредени во Хомс.
За техниката која се појави на Блискиот Исток пред половина век тоа е одличен резултат, пишуваат руските медиуми. Противвоздушните ракетни комплекси С-125 се користени во вооружените сили на Египет, Ирак, Либија, Ангола и Југославија. Со ракетен систем С-125 „Нева“ во 1999 година беше соборен авион на НАТО, невидливиот F-117 при бомбардирањето на СР Југославија.
Сирија неодамна доби 12 модернизирани комплекси С-125 под називот „Печора-2М“.
Печора-2М
Виталиј В. Кузмин/Wikimedia commonsПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче