Како се покажа советската војска во девет војни надвор од своите граници

Јуриј Сомов/Sputnik
СССР со децении ги бранел пријателските режими, испраќајќи војници низ цела Азија и Африка. Во последните војни надвор од своите граници, сепак, не ги оствари целите, а и скапо го чинеа

1. Авганистанска граѓанска војна (1928-1929)

Половина век пред познатата советска интервенција во воениот конфликт во Авганистан, Советите веќе беа активни таму. Пријателот на СССР кралот Аманула Кан беше тргнат од власт во 1929 од страна на бунтовниците што ги предводеше Хабиблул Калакани, а го поддржуваа Британците.

Советскиот Сојуз испрати 2.000 војници во цивилно кои успешно се бореа против бунтовниците. Главните сили на Аманула сепак беа поразени во битката покрај Кабул. Кралот избега од земјата, а се повлекоа и советските единици.

2. Шпанска граѓанска војна (1936-1939)

Советската војска имала значајна улога во одбраната на Мадрид во 1936 година. Десничарските фашисти и националисти предводени од Франко веќе дојдоа до предградието на Мадрид за ненадејно да се судрат со новите советски тенкови Т-26. За успехот на републиканците многу придонеле и акциите на советските ловци И-15 и на бомбардерите АНТ-40.

Од околу 1.800 советски војници кои учествувале во граѓанската војна во Шпанија во рамките на борбите загинале 127, од здобиените рани починале 11, а 32 лица исчезнале.

3. Втора кинеско-јапонска војна (1937-1945)

На барање на кинеската националистичка партија на Куоминтанг за борба против јапонскиот окупатор, Советскиот Сојуз од 1937 година испраќал оружје, муниција и над 700 свои пилоти. Советските пилоти всушност ги создале првите воздушни сили на Кина.

Со оглед на тоа што односите помеѓу Куоминтанг и Мао Ѕедунг се влошиле, советското раководство се исплашило дека оружјето ќе биде искористено против кинеските комунисти, па престанало да го испраќа, а воедно ги повлекло и своите пилоти.

4. Корејска војна (1950-1953)

Советската армија се вмешала во конфликтот на полуостровот во октомври 1950 година кога офанзивата на Јужна Кореја и на „миротворците на ОН“ ја довела Северна Кореја до работ на пропаст. Пилотите на 64 борбена воздухопловна единица на советските воздухопловни сили со авиони МиГ-15 и стотина илјади кинески „доброволци“ ѝ помогнале на Северна Кореја да изведе успешен контранапад.

Од летото 1951 година до крајот на војната две години подоцна, фронтот фактички не се помрднал од 38 паралела.

5. Војна на исцрпување (помеѓу Египет и Израел 1967-1970)

За борба против Израел, советското раководство во Израел испратило повеќе од 70 авиони МиГ-21. Миговите биле демонтирани и тајно пренесени со авиони Ан-12. Повторно биле монтирани во Египет и летале во боите на египетските воздушни сили.

Советските пилоти патролирале на територијата на Египет и ги чувале стратешките објекти од израелските воздушни напади. На 30 јули 1970 година израелски авиони Mirage III и F-4 Phantom направиле замка за Советите. Во познатата операција Римон 20 соборени се четири ловци МиГ-21. Шокираното советско раководство веднаш ги повлекло своите пилоти, а се верува дека тоа е една од причините зошто таканаречената Војна на исцрпување наскоро завршила.

6. Виетнамска војна (1955-1975)

Повеќе од 6.000 советски воени стручњаци му помогнале на Северен Виетнам во војната против Јужен Виетнам и САД. Во цивилно, без никакви обележја и документи советските војници им помагале на сојузниците да се спротивстават на американските воздушни напади.

Советската армија ја создала првата ПВО одбрана на Северна Кореја, а Тихоокеанската флота имала 17 извидувачки бродови во Јужното кинеско море кои ги следеле активностите на американските носачи на авиони.

7. Либанска граѓанска војна (1975-1990)

Кога во текот на Либанската војна (1982) израелската армија уништила сириски единици во Либан, раководството на Сирија побарало помош од СССР. Советската војска веќе била во Авганистан и не сакала уште еден конфликт надвор од своите граници. Сепак, ги искористила воените вежби Кавказ-2 за тајно да ѝ испрати на Сирија осум илјади војници кои го чувале небото на арапската република со противвоздушни системи С-200.

Израелците биле свесни за советското присуство и ја намалиле својата активност покрај границата со Сирија. Во септември 1983 година единиците за ПВО собориле израелски E-2 Hawkeye. Три месеци подоцна во желба да се одмазди, Израелците организирале напад на советските позиции, но сириската војска го одбила.

8. Анголска граѓанска војна (1975-2002)

Во еден од најголемите воени конфликти на африканскиот континент учествувале над единаесет илјади советски воени стручњаци. Тие не само што ги поддржувале воените сили на Народното движење за ослободување на Ангола (МПЛА), ами и самите планирале воени операции и учествувале во нив.

Една од најзначајните операции на советската војска е нападот и освојувањето на градот Мавинга, едно од главните упоришта на Националната унија за целосна независност на Ангола (УНИТА поддржана од владата на апартхејдот во Јужна Африка и САД). Пред овој напад Мавинга 15 години успешно се бранел.

9. Советска војна во Авганистан (1979-1989)

Раководството на СССР не планирало да учествува во граѓанската војна помеѓу силите на Демократска република Авганистан и муџахедините, а првите советски единци само ги чувале стратешките објекти и важните патишта.

Сепак, пролетта 1980 година СССР беше вовлечен во војната која траеше 10 години и во која своите животи ги изгубија над 15.000 советски војници, а таа одигра голема улога и во распаѓањето на Советскиот Сојуз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња