Листата ја сочинуваат само нови автомобили достапни на пазарот, проценетото време на користење е пет години, а проценетата годишна километража 15000 километри. Во предвид се земаат сите можни трошоци: горивото, одржувањето и поправката, цената на осигурувањето, амортизацијата итн. Автомобилите се поделени во различни класи и во секоја се наведени победниците. Во ниската средна класа на автомобили германската ранг-листа опфати две руски возила: „Лада Веста“ и „Лада Гранта“.
„Лада Веста“ покажа просечен резултат. Ако им веруваме на Германците, овој автомобил со мотор од 1600 кубици и 106 коњски сили, кој во Германија чини 12740 евра, од сопственикот бара месечно да издвои од 450 евра. Затоа „Веста“ во својата категорија го зазеде дури 9 место.
Меѓутоа, „Лада Гранта“ им го обели образот на Русите. Овој автомобил во Германија чини 10050 евра, а месечните трошоци за сопственикот се 389 евра. Затоа „Гранта“ го зазеде третото место по економичност.
На второто место во оваа класа се најде Dacia Dokker (со цена од 8990 евра и месечни трошоци од 371 евра), а на првото караванот Dacia Logan MCV SCe 75 Essentiel (кој чини 7990 евра, а бара месечно одржување од 330 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче