На Путин претставени проектот на носачот на авиони 11430Э „Ламантин“ и фрегатата „Гепард-3.9“

TASS
Носачот на авиони од класата 11430Э „Ламантин“ е наменет за обезбедување оперативно базирање и примена на воздухопловна борбена група (вклучувајќи беспилотни летала од различен тип кои се базираат на бродови), а кој има способност за употреба против воздушни, поморски (површински и подводни) цели на непријателот, како и против неговите копнени цели, во океанскиот, морскиот и крајбрежниот театар на борбени дејствија.

За време на неговата посета на Севастопол, во чест на рускиот претседател беше организиран приказ на перспективна поморска борбена техника. Беа претставени макети дизајнирани од конструкторите на бродоградежните компании во рамките на ОАК. Руските конструктори на база на патролните бродов и од класата 11661 („Татарстан“ и „Дагестан“)  го развија концептот на фрегата од новата генерација која ќе ја носи ознаката за извоз „Гепард-3.9“.

Инаку, овие два бродови се опремени со различно ракетно вооружување. „Татарстан“ во своето вооружување има противбродски ракети Х-35УЭ „Уран“ со дострел од 260 км, додека „Дагестан“ е вооружен со поморската верзија на крстосувачката ракета од класата „вода- вода“ „Калибар-НК“, која според официјалните податоци може да ја погоди својата цел на оддалеченост од 300 км. Бродовите исто така се вооружени и со артилериски средства составени од брзометниот топ 76,2 мм спарен со ротациониот 6-цевен топ со калибар 30 мм АК-630М.

Што се однесува до фрегатата „Гепард 3.9“, се работи за брод кој моментов постигнува запазени извозни резултати. Бродовите со оваа ознака се претежно правени за извоз. Во моментов четири бродови од оваа класа се во вооружувањето на ВМ на Виетнам. За овие бродови има посебен интерес во светот поради нивната универзалност. Тие можат да извршуваат задачи од сферата на борбеното патролирање, заштита на конвој, потрага по непријателски подморници и нивно следење.

Како што пренесува веб-порталот РИА „Новости“, на рускиот претседател му беше претставен уште еден проект. Се работи за развој на воени бродови од класата 11664. Бродот е долг 110 метри и неговото депласман достигнува 2500 тони. Според овие димензии, станува збор за брод кој се наоѓа на границата меѓу корвета и фрегата. Зголемените димензии овозможуваат значително поголем простор за сместување на вооружувањето и друга борбена техника.

Благодарение на овој концепт, новите бродови ќе можат да носат до 16 крстосувачки ракети наместо 8, да ги прошират можностите на својата ПВО и да отворат простор за сместување на палубен противподморнички хеликоптер.

Еден од главните инженери на бродоградежната корпорација „Ак Барс“ Дмитриј Кабиров притоа рече дека е завршен комплетниот технички проект на новата корвета и дека само се чека одлука на руското Министерство за одбрана истиот да се стави реализира во пракса.

Особено внимание привлече перспективниот носач на авиони од класата „Ламантин“, развиен од Невското воено-поморски биро од Санкт Петербург. На палубата и во внатрешните хангари можат да бидат сместени до 60 авиони од различен тип, хеликоптери и беспилотни летала.

Носачот на авиони од класата 11430Э „Ламантин“ е наменет за обезбедување оперативно базирање и примена на воздухопловна борбена група (вклучувајќи беспилотни летала од различен тип кои се базираат на бродови), а кој има способност за употреба против воздушни, поморски (површински и подводни) цели на непријателот, како и против неговите копнени цели, во океанскиот, морскиот и крајбрежниот театар на борбени дејствија. Овие бродови можат да се користат и за поддршка на ударна група на руската воена морнарица, вклучително и операции за поморски десант, каде што неговата воздухопловна компонента може да се употреби за остварување супериорност на воздухот над подрачјето каде што се изведува десантот.

За разлика од претходниот носач на авиони од класата „Адмирал Кузњецов“, перспективниот „пловечки аеродром“ на руската армија ќе го напојува атомска енергетска единица. Неговиот вкупен депласман ќе изнесува меѓу 80-90 илјади тони. Максималната должина на бродот ќе биде 350 метри, автономијата на отворено море до 120 дена, а максимална брзина до 30 јазли. Екипажот на бродот ќе се состои од 2800 луѓе плус 800 луѓе кои ќе ја опслужуваат воздухопловната група базирана на бродот.

Воздухопловната група ќе брои околу 60 борбени апарати (повеќенаменски ловци од тешка и лесна категорија) плус борбени хеликоптери и авиони за радарско набљудување. Предвидено е во рамките на оваа група да бидат вклучени и 10 беспилотни летала. На бродот ќе може да се складираат до две илјади тони воздухопловни убојни средства.

Првите процени се дека новиот повеќенаменски носач на авиони што се прави за потребите на руската морнарица ќе чини околу 200 милијарди рубли (околу 2,8 милијарди евра), а периодот за негова изградба нема да биде пократок од пет години.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња