Претседателот Путин се запозна со новите верзии на ракетите со долг дострел „Калибар“ и „Уран“

Лансирање на противбродска ракета „Москит“.

Лансирање на противбродска ракета „Москит“.

Иљдус Гиљазудинов/Sputnik
Што се однесува до новите проекти поврзани со ударното вооружување, на претседателот на Русија му беа демонстрирани новите крстосувачки ракети со бродско базирање 3М-54Э и ЗМ-14Э, како и новиот ракетен комплекс за тактичка намена од класата „земја-вода“ „Рубеж-М“.

За време на неговата посета на Севастопол, во чест на рускиот претседател беше организиран приказ на перспективна поморска борбена техника. Беа претставени макети дизајнирани од конструкторите на бродоградежните компании во рамките на ОАК, како и ракетни системи од класата „вода-вода“ и „земја-вода“, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Ракетни комплекси со долг дострел од класата „вода-вода“

Што се однесува до новите проекти поврзани со ударното вооружување, на претседателот на Русија му беше демонстрирана новата крстосувачка ракети со бродско базирање. Конкретно, станува збор за високопрецизната ракета 3М-54Э која припаѓа на семејството ракети „Калибар“. За разлика од стандардните ракети во ова семејство, моделот 3М-54Э ќе може да лета со суперсонична брзина (3 маха). Бешепретставена и втората верзија на ракетата ЗМ-14Э, која првпат беше применета во борбени услови во ноември 2015 година. Тогаш група бродови на Касписката флотила изведе плотунски удар врз позиции и објекти во Сирија, во кои се наоѓаа терористи.Извозните верзии на овие ракети имаат 5-6 пати помалку ефективен дострел од моделите наменети за потребите на руската армија.

Вториот новитет е крстосувачката ракета Х-35УЭ. Претставува модификација на основната ракета што се наоѓа во вооружувањето на ударниот бродски комплекс „Уран“. Ракетата е наменета за борба против површински бродови, транспортни пловни средства и крајбрежни утврдувања. Се наведува на целта со помош на сателит и има радарска глава за самонаведување. Ефективниот дострел на ракетата изнесува до 300 км.

Високомобилни чувари на копното

Врховниот командант на руската армија се запозна и со новиот ракетен комплекс за тактичка намена „Рубеж-М“.  

Крајбрежниот ракетен систем „Рубеж-М“ е направен на мобилна платформа со зголемена проодност КамАЗ-6560. На камион-платформа се наоѓа лансирна единица која се состои од модули со четири противбродски ракети Х-35УЕ, како и радарска станица за задхоризонтално откривање на површински бродови. Има и апаратура за управување со огнот, како и посебна апаратура за управување во боеви услови.

Комплексот е компактен и доволно автономен, така што не му се потребни дополнителни средства за да ги добие потребните информации од надворешни извори, неопходни пред процесот на гаѓање.

„Рубеж-МЭ“ користи ракети Х-35УЭ кои претставуваат извозна модификација на ракетата Х-35У, со ефикасен дострел и до 260 км. Ја движи турбомлазен мотор ТРДД-50 со потисок од 450 кгс, што е сосем доволно за да се обезбеди дозвучна брзина на летот до 0,85М. Способна е да уништи пловила со депласман до 5000 тони. Се наведува со помош на активна глава за самонаведување (систем испукај и заборави).

Според претставниците на развојната компанија, новиот ракетен систем е во состојба да обезбеди целосна контрола над водниот простор во зоната на неговиот ефективен дострел, што вклучува покривање на територијалните води на една држава, заштита на брегот од непријателски десант, покривање на важни воени и цивилни пристаништа, заштита на важни поморски комуникации, како и остварување на огнена супериорност во зоните каде се очекуваат поморските сили на непријателот. Иако првенствено е наменет за уништување на површински поморски структури, „Рубеж-М“  може да се користи подеднакво ефикасно и против копнени цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња