Сибирско младо од пред 14300 години донесе значајни откритија за научниците

Скриншот, Youtube канал The Siberian Times
Никогаш претходно не е секвенцирана толку стара молекула на РНК.

Научниците не се сигурни дали остатоците од младото, кое беше пронајдено во вечниот мраз во 2015 година во Тумат, Јакутија, припаѓале на волк или припитомен волк (претходник на кучињата). Тоа, со други зборови, значи дека плеистоценскиот волк можеби бил древно милениче на човекот.

Сепак, стручњаците се сигурни во една работа: ова животно им донесе голем напредок во проучувањето на рибонуклеинската киселина (РНК), пренесува весникот The Siberian Times.

За разлика од ДНК, РНК има релативно краток животен век. Но, сепак, во остатоците на младото од Тумат во руската Република Саха (или Јакутија), РНК-молекулите се толку добро зачувани што нивното дешифрирање успеа.

ДНК содржи стабилна форма на генот и може да опстане илјадници години под соодветни услови. Но, РНК има краток животен век и функционира како „работна верзија“ на генот.

ДНК-анализата покажува кои видови на гени ги имал некој вид, додека РНК објаснува кои гени биле активни, а кои биле неактивни.

Засега д-р Оливер Смит од Универзитетот во Копенхаген и неговите колеги анализираа молекула на РНК од црниот дроб, 'рскавицата и мускулното ткиво на древното животно.

„Научниците покажаа дека РНК-та секвенцирана од ткивото на црниот дроб на туматското младо е навистина репрезентативна за животинската РНК, со голем број на кодови специфични за црниот дроб кои се совпаѓаат со тековните наоди кај волците и кучињата“, објави sci-news.com. „Транскриптот на молекулот на овој волк е најстарата РНК која е секвенционирана досега, најмалку 13000 години постара од досегашните транскриптоми“.

Д-р Смит вели: „Истражувачите на древните ДНК претходно се двоумеа да се обидат секвенционирање на древните РНК, бидејќи овие молекули се генерално понестабилни од ДНК и поподложни на ензимска деградација. Меѓутоа, со оглед на нашиот неодамнешен успех во секвенцирањето на древна РНК од растителен материјал, сметавме дека добро сочуваниот животински примерок, замрзнат во вечен мраз, можеби сепак содржи доволно материјал за секвенцирање. На наше воодушевување, не само што пронајдовме РНК на различни ткива, туку во некои случаи кодот беше толку силен што можевме да направиме разлика меѓу ткивата на начин што има биолошка смисла“.

Тој објаснува: „Знаејќи дека РНК делува како посредник помеѓу ДНК и протеините, кои се постабилни од неа, некој би можел да се праша: Во што лежи достигнувањето? Но, ние сметаме дека иднината на древната ДНК има голем потенцијал. На пример, многу клинички релевантни вируси имаат РНК геноми, а РНК-фазата е честопати клучна за разбирањето на комплексноста на регулацијата на гените. Тоа може да биде значајно кога зборуваме за стресот кој е последица на животната средина и за она што ја придвижува еволуцијата“.

Наодите првично беа објавени во списанието PLoS Biology.

Прочитаjте повеќе: Во Русија пронајдена глава на волк замрзната 40 илјади години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња