Руските научници пронашле крв во течна состојба во труп на коњ кој во мраз минал 42 илјади години

Press Photo
Најдобро зачуваното животно од ледената доба кое некогаш било пронајдено!

Истражувачите од рускиот Североисточен федерален универзитет (СВФУ) пронашле крв во течна состојба во замрзнат труп на коњ кој во вечно замрзнатиот дел поминал 42 илјади години, што во историјата на палеонтологијата досега не е забележано. Ова го изјави директорот на Музејот на мамутите на научноистражувачкиот институт за примената екологија на Северот при СВФУ Семјон Григорјев.

Обдукцијата покажа дека се добро зачувани сите внатрешни органи. Од крвните садови на срцето земени се примероци течна крв. А, течната состојба е задржана и по 42 илјади години, благодарение на замрзнувањето и на погодните услови на закопувањето. Мускулните ткива ја имаат зачувано природната црвеникава боја. Слободно можеме да кажеме дека станува збор за најдобро зачуваното животно од ледената доба кое досега е пронајдено, рече тој.

Како што објасни, трупот е во целост зачуван, не постојат никакви видливи надворешни оштетувања. Вакво нешто се случува многу ретко со палеонтолошките објекти. Во принцип, поголемиот дел од пронајдоците се нецелосни, фрагментирани и со големи деформитети на телото и мошне мумифицирани. Жребето е со кафеава боја, со црна опашка и грива. Влакното е сочувано на главата, на нозето и на дел од трупот, што претставува едно од малите научни откритија, зашто сите претходно пронајдени коњи беа без влакна, вели Григорјев.

Според него, стручњаците од Североисточниот федерален универзитет во лабораторијата за молекуларна палеонтологија заедно со корејските колеги од Фондот за биотехнолошки истражувања веќе втор месец се обидуваат да култивираат клетки за евентуално клонирање на овој изумрен вид кој живеел заедно со мамутите.

Овој уникатен пронајдок ќе биде еден од главните експонати на големата изложба „Мамутот“ која ќе биде одржана во четири града во Јапонија (Токио, Нагои, Фукуока и Осака), од јуни до септември следната година. На изложбата ќе бидат претставени над триесет експонати од Јакутија. За првпат на светот ќе му бидат покажани замрзнати експонати, сурла на Малољаховскиот мамут, трупови на Јукагирскиот бизон, праисториски жребиња и еребици.

Единствениот на светот целосен труп на изумрен коњ од далечното минато го имаат пронајдено мештаните на едно од подрачјата со најниска температура на Северната Земјина полутопка, Верхојанскиот реон во Јакутија, минатото лето. Праисториското животно се одмрзнало во пермафростот во кратерот Батагајка на длабочина од околу 90 метри. Локалното население во 2009 година на ова место најде половина труп на возрасен коњ од среднохолоцеонската епоха стар околу 4.4 илјади години и целосна мумија на младенче на првобитниот бизон кој потекнува од пред 8.2 илјади години.

Пронајдокот на лице место го проучија членовите на еколошката експедиција на научноистражувачкиот институт за применета екологија на Северот при СВФУ и јапонскиот Универзитет Киндај. Анализата на собраните примероци од замрзнатиот плен во кој се наоѓало жребето десетина илјади години треба да покаже во какви услови живеело тоа, специфичноста на климата и билниот свет од тоа време. Екипа на јапонската телевизија „Фуџи телевижн нетворк“ која е и организатор на изложбата на мамути во Јапонија го сними истражувањето.

По теренската фаза на истражувањето трупот на жребето е префрлено во ледената комора на музејот на мамути на СВФУ. „Развивме програма на комплексни истражувања на праисториските животни кои покажаа дека во моментот на смртта тоа имало помеѓу една и две недели, и било практично бебе. Како и во поголемиот број случаи кога остатоците се добро зачувани, причината за смртта била давење во кал. Тоа подоцна замрзнало и станало дел од вечно замрзнатиот дел од земјата. Во желудникот и во цревата се пронајдени големи количества прав и кал што ги проголтало младенчето во последните моменти од животот“, објаснува Григорјев.

Прочитајте повеќе: Руски и јапонски научници успеаја да „разбудат” клетки на мамут

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња