Во Русија пронајдена глава на волк замрзната 40 илјади години

YakutiaMedia

Научниците во Јакутија испитуваат специфичен пронајдок: глава на волк стара повеќе од 40 илјади години со зачувани меки ткива и мозок, пренесуваат медиумите.

Според раководителот на одделението за проучување на цицачи од  добата на мамутите при Академијата на науки на Јакутија Алберт Протопопов, черепи на древни волци можат да се пронајдат релативно често. Меѓутоа, овој пронајдок е специфичен по тоа што се работи за голема глава на возрасен волк со одлично зачувани меки ткива и мозок.

Волкот кога умрел бил стар три-четири години. Главата е долга околу 40 сантиметри. Минатото лето ја пронашол локален жител во Абискиот реон на реката Тирехтјах. Главата во моментов се наоѓа во Јакутск, каде што ги поминува сите анализи. Во проучувањето на пронајдокот учествуваат и научници од Јапонија и Шведска.

Како што утврдиле колегите од странство, волчјата глава е стара околу 40 илјади години. Во тек е ДНК-анализа на древното животно. Исто така, се обработуваат и податоците добиени со томографско скенирање. Стручњаците ја споредуваат пронајдената глава со глави на современи и древни волци.

Во август 2015 година во Абискиот реон на Јакутија научниците пронајдоа остатоци од младенчиња на древни пештерски лавови. Еден од нив беше во целост сочуван, а на друг му недостигаа задните екстремитети. Две години подоцна на брегот на реката Тирехтјах во Абискиот реон беше откриено уште едно лавче кое не припаѓало на леглото на претходно пронајдените младенчиња.

Прочитајте повеќе: Руските научници пронашле крв во течна состојба во труп на коњ кој во мраз минал 42 илјади години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња