„Тестирањата покажаа дека измените во конструкцијата на оружјето ја зголемија сигурноста на работата на неговата автоматика и за два пати го продолжија животниот век на оружјето. Ресурсот на оружјето, кое е направено според нова технологија, значително го надмина стандардните модели на основното вооружување кое се наоѓа во употреба“, изјави за интернет-порталот РИА „Новости“ директорот на индустрискиот сектор во рамките на „Ростех“ за стрелечко оружје, стандардна и специјална муниција Сергеј Абрамов.
Од „Ростех“ велат дека овие измени се однесуваат на конструкцијата на затворачот благодарение на кои дополнително се фиксирала неговата позиција во сандакот со механизмот и се елиминирале непотребните удри при неговото дејствување, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Исто така, оваа технологија е тестирана и при изработката на новите снајперски и автоматски пушки, при што се реализирани комбинирани тестирања како што е дејство во услови на тотална извалканост и силен дожд.
Забележано е дека предложените технички решенија се „мошне едноставни во дизајнот“, а модификацијата „не бара преголеми трошоци“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче