САД планираат да прават копии на руско оружје

Владимир Аносов/РГ

Медиумите објавија дека американската Команда за специјални операции планира на територијата на САД да почне со производство на пандани на руско оружје.

Руската државна корпорација „Ростех” нема ништо против со САД да се разгледа прашањето за производство на копии на руските митралези, но инсистира таа работа да се реализира легално и според сите правила. Ова го соопшти „Ростех”, коментирајќи ја намерата на Вашингтон да почне производство на копии на руско оружје на своја територија.

Се наведува дека за легално производство на стрелечко оружје е потребен договор со „Рособоронекспорт” (руската државна компанија задолжена за увоз и извоз на роба за воена намена).

„Во спротивно се работи за незаконско копирање на руските проекти. Едноставно кажано: за кражба“, изјавија за новинарите од „Ростех”.

Руската корпорација исто така истакна дека американската иницијатива да започне производство токму на руските митралези уште еднаш ги потврдува сигурноста и квалитетот на руското оружје.

Како што објави агенцијата „REGNUM”, Силите за специјални операции на војската на САД планираат на територијата на САД да започнат производство на руско оружје. Според информациите на порталот „Национален Интерес“, главната команда на Силите за специјални операции на Министерството за одбрана на САД е подготвена на американските производители на оружје да им одобри грантови за креирање копии и производство на пандани на митралезот „Калашников“ и модернизираниот тежок митралез НСВ.

Прочитајте повеќе: Зошто НАТО го копираше рускиот „Калашников”?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња