Во Русија почнаа испитувања на перспективно рачно електромагнетно оружје

Ростех/Антон Тушин
Советникот на првиот заменик-генерален директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ (Радиоэлектронные технологии -КРЭТ) Владимир Михеев изјави дека во Русија почна испитување на ново електромагнетно вооружување.

Михеев констатира дека руските системи на електромагнетно оружје или како што попрецизно се нарекуваат каже СВЧ-пушките многу брзо и ефикасно се развиваат, пренесува интернет порталот „Взгљад“.

Кога се во прашање СВЧ-пушките, основниот квалитет на „убојното“ дејство на оваа пушка е концентрираниот насочен електромагнетен сноп со ултрависока фреквенција, кој уште се нарекува и „електромагнетен истрел“.

Според зборовите на советникот на рускиот концерн „Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ), во моментов во тек е испитување на овие пушки на специјализирани полигони.

Покрај тоа, рускиот воено-индустриски комплекс паралелно работи и на системи за заштита од електромагнетно зрачење.

Прочитајте повеќе: Руската армија се вооружува со електромагнетни топови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња