„Ростех“ најави воведување нова високопрецизна муниција за стрелечко оружје

Youtube
Според зборовите на раководителот на производствениот кластер за стандардно вооружување, наредната година ќе биде клучна за појавување на нова стрелечка муниција во практично сите руски калибри.

Високопрецизна муниција во сите руски калибри за стрелечко вооружување ќе се појави во Русија веќе наредната година. Ова на информативниот портал РИА „Новости“ го пренесе Сергеј Абрамов, раководител на производствениот кластер за стандардно вооружување, муниција и специјални средства на „Ростех“.

 „Ние активно работиме на муниција за стрелечко вооружување и тоа е нешто за што активно размислуваме. Можам да ви кажам дека следната година ќе прикажеме одлични примероци на високопрецизна муниција за стрелечко вооружување кои ќе бидат произведени во сите основни калибри“, рече Абрамов.

Покрај тоа, тој изјави дека се работи и на развој на граната со калибар 40 мм со зголемена ефикасност, која ќе ја активираат специјално програмирани типови на запалки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња