Видео: Во Русија демонстриран нов вид оружје кое ќе ги уништува непријателските дронови

Youtube
Новата антидрон-ракета може да се појави во единиците на руската армија и останатите безбедносни структури. Нејзината основна намена е ефикасна борба со непријателски беспилотни летала.

Употребата на необичната ракета е едноставна, но исклучително ефикасна при вршењето на својата функција, рекоа во специјализираната воена емисија „Военнаја пријомка“, која се емитуваше на рускиот ТВ-канал „ѕвезда“. Притоа оваа „анти-дрон“ ракета е наречена „нов вид вооружување“ кое наскоро може да се појави во руската армија.

Од видеоматеријалот се гледа употребата на перспективното оружје, кое е демонстрирано во пракса, пренесува рускиот интернет-портал РГ. „Дронот-убиец“ стартува од земја и при голема брзина директно  го погодува летечкит мамец кој имитира беспилотно летало, при што со силата на самиот контакт во целост го онеспособува. Имено, се знае дека корпусот на беспилотното летало е многу лесен и кршлив, како и дека секој судир при вакви брзини речиси во 100% однос прави фатални оштетувања.

Принципот на дејство на новата ракета-дрон се состои од високопрецизен судар со противничкото беспилотно летало кој се реализира со помош на специјалниот систем за наведување интегриран во новото оружје. Отсуството на експлозивна боева глава ѝ дава висока универзалност на примената на овој комплекс, кој не мора да биде исклучително поврзан со воени операции. На пример, оваа наведувана дрон-ракета кој со помош на судар неутрализира непријателско беспилотно летало, може да се примени за обезбедување на масовни цивилни манифестации, како што е, на пример, Светско првенство во фудбал и сл.

Прочитајте повеќе: Западна аналитика: Руската летечка сачмарка може да стане „најголемиот кошмар“ на бојното поле

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња