Како советскиот војник можеше да преживее погодок на „куршум“ испукан од германски автомат MP-40

Бог-рата
Видеоклипот го направи медиската куќа „Калашников.Медиа“. Во него е демонстрирана тактичко-техничката способност на германскиот автомат MP-40, кој масовно се употребуваше на Источниот фронт од страна на војниците на Вермахтот и СС-единиците.

Основната цел на овој клип беше да се видат балистичките својства на куршумот кој го користеше овој автомат. Дали советскиот војник, кој се наоѓаше на спротивната страна на нишанот, можеше да го спаси пешадиската лопатка, воената матарка или копчата од ременот, доколку беше погоден од куршум испукан од овој автомат.

Техничкиот консултант на концернот „Калашников“ Владимир Онакој, кој инаку ја води оваа емисија, реши да го тестира мошне распространетото уверување дека одделни елементи на опремата на советскиот пешадинец биле непробојни за германското стрелечко оружје, при што често и го спасувале животот на погодениот војник. Овој пат изборот падна на легендарниот германски автомат MP-40, кој во воените години беше произведен во повеќе милиони парчиња.

Тестот е изведен на специјално стрелиште, а се гаѓаше во мета на далечина од 50 метри. „Куршумот за автоматот MP-40 е многу слаб и доколку со него успееме да ги пробиеме сите три предмети, тоа значи дека пешадиската опрема не можела да го спаси погодениот војник од останатото германско стрелечко оружје“, рече експертот.

И нашиот тест можеше да почне.

Првиот куршум ја погоди копчата за војничкиот ремен, во која експертот можеби и најмногу се надеваше дека може да издржи директен погодок. Меѓутоа, куршумот успеа да го пробие ова метално парче војничка опрема. Што се однесува до војничката матарка, таа без проблем беше пробиена. Меѓутоа, пешадиската лопатка не можеше да се пробие. Два куршума многу прецизно ја погодија, но ниеден не можеше да помине низ неа, оставајќи само мали оштетувања кои во суштина се небитни (деформација „вдлабнатина“ на површината на лопатката).

„Митот за тоа дека елементи на пешадиската опрема можат да запрат куршум воопшто не е фикција. Од трите претендента кои денес се тестирани, победи пешадиската лопатка“, резимираше на крај експертот.

Прочитајте повеќе: Заборавениот ривал на „Калашников“: Како изгледа автоматската пушка на Коробов (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња