Како изгледа антитенковската верзија на најмасовната руска пушка по Калашников?

Kalashnikov Media
До почетокот на Втората светска војна, советските производители на оружје ја направија новата пушка Мосин за калибар од 7.62х155 милиметри, со кој можеше да се дупнат челични плочи со дебелина од 15 милиметри.

На почетокот на триесеттите години од минатиот век фабриката која деценија и пол подоцна ќе го создаде прославениот АК-47 создаде ново антитенковско оружје и тоа од стара пушка-реплика. Тоа беше „Мосиновата тролинејка против оклопни возила“, која оствари успех на боиштата против некои од најмоќните тенкови и оклопни возила од тоа време.

Конструкторите во тоа време експериментирале со новата муниција и со нивата „платформа“ за пушка на која таква муниција би можела да биде користена. Изборот паднал на пушката Мосин со калибар 7.62х54 милиметри што беше солидна офанзивна сила способна да пробие тули на оддалеченост од 100 метри. 

Било одлучено „ново-старата“ пушка да се унапреди за специјална противоклопна муниција од 7.62х122 и 7.62х155 милиметри. Визуелно новата муниција делувала само како продолжена варијанта на куршумот за пушката Мосин. Но, тоа бил куршум со зголемени пенетративни својства, а од цевката излегувал со брзина од над еден километар во секунда (иницијалната брзина на куршумот изнесувала 1.200 метри во секунда), па затоа можел да дупчи плочи со дебелина од 15 милиметри на оддалеченост од 100 метри. 

Притоа и самата пушка има претрпено низа модификации за да може да дејствува со толку моќна муниција. Така конструкторите ги зголемиле „внатрешните органи“ на Мосин, направиле нов магацин за муниција, ја продолжиле цевката и закачиле компензатор на тресење со цел секој куршум прецизно да оди кон метата. 

Но, по низа експерименти, војската дошла до заклучок дека не е ефикасно да се воведува новата „Мосин“ како противоклопно средство – била скапо, а во таа улога сепак биле поефикасни куршумите со калибар од 14.7 милиметри.

Што е „Мосинка“ 

Тоа е репетирка од 1891 година со капацитет од пет куршуми со калибар од 7.62х54 милиметри – што е аналог на калибарот на НАТО 308 Winchester. 

За време на својот долг рок на служба, се покажа како едно од најсигурните и најпрецизни оружја во светот. Благодарение на овие квалитети, руската војска со неа ги поминала и Првата (1914-1918) и Втората светска војна (1941-1945), односно „Големата татковинска војна“ како што ја нарекуваат во Русија. 

Покрај сето наведено, „Мосинка“ станала една од најмасовно произведуваните пушки ви историјата: направени се над 37 милиони примероци. Некои од нив лесно можат да се купат и денес по прифатлива цена од 200 американски долари, а некои примероци дури можат да се најдат во актуелните воени судири на Блискиот Исток. Така руските сили запленија „Мосинки“ од џихадистите на таканаречената Исламска држава во текот на борбите во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња