Командата на советската армија ја сфаќала автоматската пушка како помошно оружје, додека основното оружје на пешадијата била брзометната пушка Мосин. ППШ е наследник на автоматот Дегтјарјов ППД-34/40 кој бил прескап за производство.
Но, Зимската војна 1939-1940 против Финците вооружени со автомати КР/-31 ѝ покажа на Црвената армија дека овој вид оружје има иднина. ППШ-41 од автоматот Дегтјарјов го има наследено надворешниот изглед, а тешкиот барабан за 71 куршум е прекопиран од финскиот.
Од 1942 година ППШ има добиено и полесна класична рамка за 35 куршуми, иако и таквите модели имале свои недостатоци. Тешките рамки кои не секогаш биле згодни за употреба сепак останале, без оглед на тоа што за нормална употреба често требало да се наоѓаат во конкретни рамки за конкретни автомати поединечно.
Фински KP/-31
Kuvaaja vänrikki V. HollmingЗа разлика од својот претходник, автоматот Шпагин бил значително поедноставен и поевтин. Фрезираните („глодани“) конструктивни елементи биле заменети со пресувани, а прецизна обработка изискувале само цевката и затворачот (и тоа со мошне голема толеранција). Тоа од него има направено „воен“ автомат; производството во воено време барало заштеда на материјали и поедноставена технологија за зачувување на сигурноста. На автоматот ППШ не му била потребна дополнителна сигурност.
Војникот Иван Соколов со ППШ-41, 1. Далекоисточниот фронт
Александар Становов/SputnikСоветските војници нагалено го нарекувале ППШ папаша, односно татенце.
Евакуација на жителите на Ленинград
Борис Кудојаров/SputnikСпецифичноста на автоматот ППШ била во моќната стрелба со калибар од 7.62х25 милиметри од „тетец“ (Токарев ТТ). Ова на зрното му давало поголема брзина. Притоа темпото на гаѓање на ППШ било мошне високо: до 900-1.000 метри во минута.
Март 1943
Getty ImagesППШ-41 мошне им се допаднал и на Германците кои го користеле како трофејно оружје. Нацистите оспособиле околу 10.000 автомати ППШ за муниција со калибар од 19 милиметри.
Големата маса на ППШ која често била третирана како недостаток му била од полза на стрелецот: оружјето за време на рафално гаѓање се однесувало постабилно од полесните митралези, како што е германскиот МР-40.
Карелија, јули 1944
SA-kuva/Finnish Armed ForcesАвтоматот ППШ-41 го користеле и странските единици кои заедно со Црвената армија се бореле против единиците на Хитлер.
Со Црвената армија во Прага влегуваат чешките единици, 9.5.1945
SputnikВо 1944 година дошло до обид бомбардерот ТУ-2 да се вооружи со 88 автомати ППШ-41. Но, полнењето на муниција било изводливо само на земја, па затоа се откажале од идејата.
ТУ-2
В. Шијановски/SputnikКон крајот на Втората светска војна автоматот ППШ-41 го користеле 55 отсто од советските војници.
Типскиот споменик на советскиот војник-ослободител изгледал вака: шлем СШ-40, пелерина-шатор и масивен автомат со тежок барабан и карактеристична облога на цевката со штанцови овални отвори: ППШ-41, автомат (пиштол-митралез) Шпагин, образец 1941.
Мамаев курган, Волгоград
Виктор Грицјук/Global Look PressПо Втората светска војна папаша се произведувал во Северна Кореја. Еден од првите примероци Сталин го добил за својот 70 роденден во 1948 година.
ППШ-41 на знамето на Северна Кореја, ноември 1952 година
Getty ImagesПо Втората светска војна ППШ-41 барем трипати е користен во конфликтите против американските единици: во Кореја, на Куба и во Виетнам.
Прочитајте уште: Кое советско оружје е заслужно за исходот на Втората светска војна?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче