Скриншот
Руското Министерство за одбрана објави снимка од лансирање на балистички ракети „Булава“ од подморницата „Јуриј Долгоруки”.
Вчера главната подморница од проектот 955 „Бореј” успешно лансираше четири ракети „Булава” од Белото море, гаѓајќи го полигонот Кура на Камчатка. Подморницата притоа се наоѓаше под вода.
На снимката може да се види како подморницата нурка, прикажана е работата на екипажот, како и издавање на наредбите на командантот на подморницата, капетан прва класа Владимир Ширин, екипажот да премина во полна борбена готовност. По одбројувањето командантот е известен дека ракетите се успешно лансирани.
„Балистичките ракети се лансирани, нема забелешки“, им рапортира командантот на подморницата на членовите на државната комисија.
Потоа на снимката може да се види истрелувањето на ракетите од подморницата под вода и летот на четирите ракети.
Прес-службата на руската Северна флота соопшти дека тоа било првпат со плотунски оган да е лансиран толкав број на ракети од подморница од класата „Бореј“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче