Интерконтиненталната балистичка ракета Р-30 „Булава” е примена во вооружувањето на Воената морнарица на Русија, соопшти извор од руската воена индустрија.
Успешните контролни гаѓања ја потврдија сигурноста на оваа ракета. Така се „отстранети последните пречки“ за влегување на ракетниот систем Д-30 со интерконтинентални балистички ракети „Булава” во состав на вооружувањето на руската морнарица, соопшти извор од ТАСС.
Според него, „одлуката е донесена, а потребните документи се потпишани“.
Оваа информација официјално не е потврдена.
На 22 мај руската подморница „Јуриј Долгоруки” успешно истрела четири интерконтинентални балистички ракети „Булава” од Белото море на полигонот Кура на Камчатка. Порталот „Взгљад” пишува дека оваа операција потсетила на тестирањата од времињата пред распадот на СССР кои досега не се надминати ниту во Русија ниту надвор од неа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче