Во Русија пуштен во погон првиот нуклеарен реактор на пловна платформа

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пуштен е во погон првиот нуклеарен реактор на пловна енергоплатформа на нуклеарната електрана „Академик Ломоносов“.

„Во Мурманск, на единствената пловна нуклеарна електрана на светот „Академик Ломоносов“, која е направена во капацитетите на ФГУП „Атомфлот“ со учество на специјалисти на „Балтички завод“, првиот од двата реактора РУ-1 е доведен на 10 отсто енергетски капацитет. Тоа значи дека на платформата дошло до ставање во погон на еден од двата реактора, и тоа на крмениот реактор“, соопшти концернот „Росенергоатом“.

Планирано е во блиска иднина двата реактори постепено да бидат доведени до номиналното ниво на моќноста.

Главниот стадиум на погонските операции е комплексното испитување на нуклеарниот реактор на пловната платформа кое почна на 25 ноември, а ќе трае до пролетта 2019 година. Есента 2019 година пловната енергоплатформа ќе биде донесена до пристаништето Певек на Чукотка, каде ќе ги замени нуклеарната електрана „Билибинска“ и топланата „Чаунска“.

Нуклеарната електрана „Академик Ломоносов“ со моќност од 70 мегавати е наменета за генерирање и дистрибуција на топлотна и електрична енергија за потрошувачите, а може да се користи и за дестилирање на морска вода. Станицата е опремена со два реактора КЛТ-40С, кои се способни за генерирање 70 мегавати електрицитет и 50 гигакалории по час топлотна енергија во номинален оперативен режим.

Прочитајте повеќе: Русија ја спушти во вода единствената лебдечка нуклеарна електрана