Ростовската АЕЦ беше прогласена за најбезбедна во светот. Извор: Алексеј Дружинин / РИА Новости
Светскиот форум под знамето на Меѓународната агенција за атомска енергија не случајно се одржа во Русија - денес на земјата се гледа како на клучен играч и технолошки лидер во оваа област . Претседателот на Светската асоцијација на нуклеарните оператори Данкан Хоторн го искажа своето мислење дека на светската нуклеарна енергија ѝ треба совет и помош од руските нуклеарни научници .
Дијалогот меѓу професионалците кој се одржа на крајот од форумот беше важен за правилното толкување на трендовите по „Фукушима“. Да, постои политичка одлука на германските власти за етапно затворање на нуклеарните централи. Но, има и примери за спротивното. Франција, САД, Канада, Русија, Шведска и Јужна Кореја ги оптимизираа и ги развија своите национални програми во таа насока. Индија и Кина ги потврдија плановите за забрзан раст на производството на нуклеарна енергија. Во Чешка се спроведува тендер за изградба на два нуклеарни блока на нуклеарната централа „Темелин“. Финска започна директни преговори со претприемачи за изградба на нова нуклеарна централа на своја територија.
Во Белорусија, Турција и во Виетнам веќе се во фаза на изградба и подготовка за изградба првите нуклеарни централи на нивните територии . Балтичките земји Латвија, Литванија и Естонија, исто така не се откажуваат од надежта да изградат заедно нова нуклеарна централа на местото на Игналинска АЕЦ, која беше затворена по барање на Европската Унија.
„
Иднината на нуклеарната индустрија е во иновативни технологии. А загарантираната безбедност е безусловен приоритет при нивното користење.
Дмитриј Рогозин
Слична е ситуацијата и во Бугарија - изградбата на нуклеарната централа „Белене“ беше суспендирана во 2013 година. Сепак затворањето на проектот за нова нуклеарна централа во Бугарија доведе до масовни протести. По конференцијата на МААЕ кон крајот на јули оваа година бугарскиот премиер Пламен Орешарски рече дека основните услови за реализација на проектот „Белене“ во Бугарија се доказ за неговата ефикасност во долг рок и за присуството на инвеститор. Од своја страна министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев истакна дека без оглед на фактот што проектот е замрзнат во почетокот на септември, ќе има работна група која ќе ги утврди перспективите и не исклучува неговото продолжување.
Со други зборови, нуклеарната енергија останува барана низ целиот свет, вклучувајќи ги и Блискиот Исток, Јужноафриканската Република, Централна и Јужна Америка. Според официјалните податоци , кои се добиваат од шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано, вкупниот капацитет на сила во светот добиена од нуклеарните централи изнесува 372 гигавати. Во догледна иднина тој број ќе порасне за 80 - 90 гигавати.
Безопасен атом: вистина или лага? |
За време на форумот во Санкт Петербург вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин го објави ставот на руското раководство за прашањата за нуклеарната енергија и начините за нејзиниот развој.
Мирниот атом за Русија - тоа не се само нуклеарните централи . Тоа се и космосот, медицината, новите информатички технологии и суперкомпјутерите за модернизираните компјутер, дизајнерски и пресметковни задачи, рече тој. Тоа е едно чисто руско ноу –хау – флота од нуклеарни мразокршач која сега почнува да се раѓа.
- Иднината на нуклеарната индустрија е во иновативни технологии - заклучи вицепремиерот. –А загарантираната безбедност е безусловен приоритет при нивното користење.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче