„Академик Ломоносов“
Антон Ваганов/TASSЛебдечкиот нуклеарен реактор кој тргна од Санкт Петербург првин ќе помине покрај бреговите на Норвешка до градот Мурманск, каде реакторот ќе биде наполнет со гориво. На своето прво патување ќе замине на Арктикот, каде ќе го очекуваат околу 100000 жители на градот Певек на Чукотка. Лебдечката електрана исто така ќе обезбеди енергија за фабриката за дестилација на вода и за нафтените дупчалки.
Изградбата на лебдечкиот реактор почна во 2007 година. Различни извори проценуваат дека чинела околу 232 милиони долари. „Росатом” првично планираше да го наполни реакторот со гориво во Санкт Петербург, но некои балтички држави и организацијата „Гринпис” се спротивставија на таа идеја, па полнењето со гориво е префрлено за Мурманск. Клучниот проблем е, според „Гринпис”, опасноста од лебдечкиот реактор во океанот кој е веќе загрозен и загаден.
Лебдечкиот реактор треба да ги замени застарената Билибинска нуклеарна електрана и Чунската хидроелектрана. Ќе почне со работа во 2019 година.
Првата лебдечка нуклеарна електрана беше MH-1A, произведена во Америка 2014 година. Реакторот со вода под притисок беше дел од поголем проект на американската воена програма со цел да се обезбеди енергија во оддалечени региони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче