Атомско гориво наместо атомски бомби

Мокс-гориво

Мокс-гориво

Press Photo
Во едно претпријатие на Сибир каде порано се произведуваше плутониум за атомско оружје, сега е започнато производство на иновациско гориво за нуклеарни електрани со реактори на брзи неутрони. Новото производство е резултат на руско-американскиот меѓувладин договор.

Во градот на нуклеарните физичари Железногорск, во Краснојарскиот крај, есента 2015 година стартувано е производство на нуклеарното гориво „мокс“ за новата генерација реактори на брзи неутрони. Засега железногорскиот погон е единствен таков на светот.

Новата технологија за производство на гориво за нуклеарки овозможува да се намали количеството радиоактивен отпад и отвора пат за создавање технологии без отпад во нуклеарната енергетика. „Неодамна комбинатот го посетија колегите од Франција. Нашите гости високо го оценија она што го видеа, дури и изјавија дека оваа технологија не припаѓа на третата, ами на четвртата генерација“, вели Пјотр Гаврилов, директор на Рударско-хемискиот комбинат во чии погони го стартуваше производството.

Новото производство ги решава старите проблеми

Стартувањето на производството на горивото „мокс“ е важен и во голема мера симболичен настан. Токму во Железногорск во средината на педесеттите години од минатиот век во строга тајност е создаден подземниот Рударско-хемиски комбинат за производство на плутониум кој бил користен за боеви глави. Направени се километри тунели и подземни фабрички хали во срцето на планината, каде се сместени три производни реактори и започнато е комплицирано радиохемиско производство.

Со децении три подземни реактори на Рударско-хемискиот комбинат произведуваа плутониум 239 кој се користел за создавање на советското нуклеарно оружје. Но, по низа руско-американски (а, пред тоа советско-американски) договори решено е сите реактори за производство на плутониум еден по друг да запрат со производство, и во Русија, и во САД. Меѓувладиниот договор ја обврзуваше и Америка да соработува со Русија кога станува збор за преработка на плутониум предвиден за боеви глави во мешовито оксидно нуклеарно гориво.

Токму поради тоа решено е по запирањето на третиот, последен реактор во Железногорск, подземните хали да се преориентираат на производство на горивото „мокс“.

Најкомплицираната обврска од целата „мапа на патот“ на руско-американскиот договор е создавањето на фабриката за „мокс“ и енергетскиот блок со реактор БН-800 кои користат брзи неутрони. Русија својот дел од работата во оваа смисла го одработи и сега го очекува истото тоа од Соединетите Американски Држави. Договорот за неутрализирање на плутониумот би требал да започне од 2018 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња