Нуклеарната електрана во Ростов
rosatom.ru/Global Look Press„Пресметавме дека, доколку ги надминеме денешниве геополитички непријатности, и Русија и другите партнери во проектот ITER (Меѓународен термонуклеарен експериментален реактор) кон средината на 30-те години ќе можат да изградат во своите земји хибриден реактор за нуклеарно гориво“, смета научникот.
На Русија, како главен извозник на нуклеарно гориво во светот, најмногу ѝ одговара таквиот реактор. Дури и да не дојде до меѓународна соработка по тоа прашање, Русија ќе биде во состојба самата да направи хибриден термонуклеарен реактор, вели Велихов.
Хибридниот реактор е „комбинација на термонуклеарна и нуклеарна енергетика“, појаснува тој. Идејата му припаѓа на познатиот советски нуклеарен физичар Игор Курчатов, кој уште во 1951 година во писмо до Сталин забележува дека „практично целата енергија на Земјата (околу 98 отсто) се наоѓа во трите елементи: ураниум 238, ториум и деутериум-литиум. Нафтата, гасот и јагленот содржат вкупно 2 отсто од таа енергија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче