Во Русија е направен и тестиран нуклеарен реактор кој има тнр. „активна зона“ која обезбедува неограничен ресурс на енергија за целиот работен век на подморницата, се наведува во извештајот на корпорацијата „Росатом“, пренесува РИА „Новости“.
Активна зона е „срцето“ на реакторот. Таа содржи нуклеарно гориво и токму во централната област се случува верижната реакција. Тоа значи дека на нуклеарните подморници повеќе нема да им биде потребно циклично полнење со нуклеарно гориво.
Како што наведе поранешниот командант на Северната флота адмирал Вјачеслав Попов, создавањето на реактор со „неограничено“ траење има огромно значење за борбената готовност на стратешките подводни сили на Русија. Тој изјави дека полнењето на гориво е „операција број еден“ и дека бара време од најмалку месец дена. Тоа во пракса значи дека за „време на полнењето“ составот на флотата ќе биде намален за една подморница“, додава Попов.
„Со реактор кој не бара полнење на гориво коефициентот на искористување на подморниците се зголемува повеќе пати“, заклучува адмиралот.
Во извештајот на „Росатом“ пишува дека се вршат тестирања на нови типови реактори за подморниците од четврта генерација (атомските подморници „Бореј“ и „Јасен“).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче