Еве како изгледа кога ќе се распукаат тенковите Т-90 и ракетните лансери „Град“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На социјалните мрежи се појави снимка од вежбата на 90 тенковска дивизија во Челјабинската област, а во гаѓањето учествуваа борбени возила Т-90, БМП-2 и „Тунгуска“.

Снимката што ја објави ТВ-каналот „Ѕвезда“ покажува како тенковските екипажи уважбуваат дејство од бок, како и гаѓање мети од автоматски топ со калибар 30 милиметри.

Освен тоа, на вежбата се користени и самоодни повеќецевни ракетни лансери „Град“, од кои беа истрелани неколку салви врз хипотетичкиот непријател.

Претходно американскиот магазин „Национален Интерес“ забележа дека на блискоисточните боишта руските тенкови Т-90 се покажале како подобри од американските и германските конкуренти.

Прочитајте повеќе: Пет податоци кои најверојатно не сте ги знаеле за руските тенкови