Споменатите борбени машини претставуваат преодни варијанти кон поусовршените верзии. Така кај овие тенкови, на пример, го немаше термовизискиот нишан, туку е инсталиран помалку ефикасниот инфрацрвен нишан „Буран-М“. Меѓутоа, наместо моторот В-84МС со 840 КС е вградуван моторот В-92С2 со 1000 коњски сили, а се користени и нови гасеници.
#SAA T-90 pic.twitter.com/51cw3zQlCo
— Wael 🇸🇾 (@WaelAlRussi) 17 April 2018
Благодарение на интересниот агол од кој е направена фотографијата, можат да се видат некои специфичности на конструкцијата. Дека се работи за „команден тенк“ зборуваат двете радиоантени, а можат да се забележат и вградените блокови за динамична заштита „Контакт 5“, како и системот за електрооптичка активна заштита „Штора 1“.
Тенковите Т-90 во Сирија активно учествуваат во борбените дејствија од ноември 2015 година. Учествуваа во сите важни борбени операции. Во битките во околината на Дамаск уралските тенкови уште еднаш го потврдија високиот квалитет на тактичко-техничките каратеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче