Пет податоци кои најверојатно не сте ги знаеле за руските тенкови

Sputnik
Тенковските единици се темел на ударната моќ на современите армии. Издвоивме неколку интересни факти за руските тенкови.

1. Како да ги разликувате Т-64 од Т-72, Т-90 и Т-80?

Најизразити разлики меѓу овие тенкови се пречникот и изгледот на потпорните валци. На Т-64 нивниот пречник изнесува 555 милиметри, изработени се со пресување, имаат карактеристична шара, тесни се и немаат надворешен дел прекриен со гума. На 7-72 потпорните валци се со пречник од 750 милиметри, се разликуваат по карактеристичната шара на зајакнатите ребра и по надворешниот пречник, обработени се со дебел слој гума. Т-80 е опремен со валци со пречник од 670 милиметри, широки, со гумени краеви во облик на длабока чинија со централен поклопец и завртки околу него. Т-90 има потпорни валци со пречник од 750 милиметри како кај Т-72.

Споменатите типови тенкови не е тешко да се разликуваат и по инфрацрвениот рефлектор. На Т-64 тој е монтиран лево од цевлата (во правец на движење на возилото). Т-72 и Т-80 имаат инфрацрвен рефлектор од десната страна на цевката.

Т-64, Т-72, како и Т-90, се опремени со единствен оддел на уред за набљудување (триплекс) на механичарот-возач, додека Т-80 има три вакви оддели.

2. Најчест современ тенк – рускиот Т-72

Од 1974 година кога започна сериското производство на Т-72 досега, фабриката „Уралвагонзавод“ има произведено 20.544 тенкови од овој тип. Врвот на производството беше во 1985 година, кога од лентите на оваа фабрика беа симнати 1.559 тенкови Т-72, додека производството на американските тенкови M1 Abrams кои се произведуваат од 1979 година има постигнато 840 примероци годишно.

Исто така, производството на Т-72 по лиценца е започнато во Југославија, Полска, Чехословачка и во Индија.

3. Рускиот Т-80 – прв тенк во светот со гаснотурбински уред

Т-80 е првиот сериски тенк на светот со основна погонска група на база на гаснотурбински мотор. Во конструкцијата на ова борбено возило делумно се искористени елементи на тенкот Т-64А: топот, муницијата, уредот за автоматско полнење, определени уреди на системот за управување со оган и оклопната заштита. Покрај Русија, тој се наоѓа во вооружувањето на Украина, Белорусија, Јужна Кореја, Узбекистан, Кипар и на Пакистан.

4. Сите руски и советски тенкови имаат можност за самозакопување

Советските тенкови од серијата „Т“ секогаш биле опремени со уреди за самозакопување, додека конструкторите на западните тенкови долго време го занемаруваа овој уред, кој инаку е мошне корисен за борбеното возило.

Тенковската опрема за самозакопување е составена од посебно рало прицврстено за долната искосена плоча на предниот дел од трупот на тенкот. Со овој уред ров се копа за неколку минути. Тенкот во ров е подобро заштитен за време на пукање од затворена огнена положба.

5. Зошто основниот борбен тенк Т-90 го носи името „Владимир“?

Би можело да се претпостави дека основниот борбен тенк Т-90, направен кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, можел да го добие името „Владимир“ во чест на еден од кнезовите на Древна Русија – Владимир Мономах. А, можеби оваа лоша машина го добила името во чест на претседателот Путин? Но, нештата стојат малку поинаку.

Тенкот Т-90 кој е воведен во вооружувањето во 1992 година го добил името во чест на неговиот творец Владимир Иванович Поткин. Познатиот конструктор почина на 13 мај 1999 година, по што владата на Руската Влада реши на тенкот да му се додели името на неговиот конструктор.

Прочитајте уште: Советскиот Т-21М1 стана „офанзивен овен“ во уривањето на џихад-тврдината во Источна Гута

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња