На социјалните мрежи објавени првите кадри со новиот руски авион Ил-112В (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Ил-112В е речиси подготвен за својот прв лет. Специјалистите на јавното акционерско друштво „Илјушин“ пред тоа ќе извршат цела низа комплексни испитувања. Се претпоставува дека овој авион ќе го има својот прв лет пред крајот на оваа година.

Првиот комплетиран примерок на авионот Ил-112В е префрлен во летечко-опитната станица (ЛИС) на воронешкото авиоградежно претпријатие ПАО „ВАСО“. Постапката на трансферот се одвиваше на 27 ноември. Кадрите од оваа сцена беа објавени на социјалните мрежи од очевидци.  

Сега авионот ќе мора да помине низ процедура на тестирања и проверки, по што ќе биде можно да се оцени подготвеноста на воздухопловот за првиот лет.

Ил-112 е дизајниран за транспорт на воена опрема и други товари, како и за десантирање на трупи. Се претпоставува дека тој ќе ги замени Ан-26, Ан-24 и другите турбоелисни авиони.

Прочитајте повеќе: Наскоро полетува Ил-112В: Летало кое е идеално за специјалните авиодесантни операции