Транспортниот авион Ил-76МД успешно се проба во улогата на бомбардер

Виталиј В. Кузмин
На полигонот во Тверската област пилотските екипажи на руските транспортни авиони Ил-76МД увежбуваа фрлање на бомби и гаѓање од топови поставени на задниот дел на леталото. Гаѓани се копнени цели кои имитираа лесна оклопна и автомобилска техника на условен противник, соопшти Министерството за одбрана на РФ за агенцијата ТАСС.

Се работи за уникатна задача за овој вид на авијација. Екипажите на Воено-транспортната авијација симулираа примена на авиобомби со помош на обележувачки средства, за да ги маркираат точките на напад и подоцнежниот десант. Летовите се изведувани на висина од 400 до 600 метри со брзина од повеќе од 500 км/ч. Освен тоа, пилотите работеа во сложени временски услови на многу ниски температури.

Во школските летови беа вклучени повеќе од десет авиони Ил-76МД. Со леталата управуваа пилотски екипажи кои се наоѓаат во состав на воздухопловните единици стационирани во Тверската, Псковската, Оренбуршката и Ростовската област.

Како што соопшти службата за односи со јавност на Министерството за одбрана на РФ, летање во сложени временски услови во Тверската област увежбуваа и екипажи на Воздушно-космичките сили на хеликоптери Ми-35, Ка-52, Ми-27 и Ми-8 со различни модификации,  како и на новите хеликоптери Ми-28УБ. Применувани се разни елементи на пилотирање и летови на исклучително ниски висини, реализирани се слетувања на неуреден терен, истоварување на тактички десант и вршени се воздушни напади врз копнени мети.

Прочитајте повеќе: Објавено видео од првиот лет на новиот руски извидувачки авион

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња