Ан-124-100 „Руслан“ со придружба од авиони-ловци
Слободан ЃукиќРуската армија има потреба од 200 нови воено-транспортни авиони, соопшти информативната служба која го претставува секторот транспортна авијација во рамките на Обединетата авиопроизводствена корпорација (ОАК). Овие информации беа обелоденети на состанокот на заменик-претседателот на транспортниот огранок во рамките на ОАК и генералниот директор на ПАО „Ил“ Алексеј Рогозин со луѓето од Дивизионот на транспортната авијација (ДТА).
Алексеј Рогозин зборуваше и за процесот на интеграција на ОАК во состав на воздухопловниот кластер на државната корпорација „Ростех“. Според него, главната задача на овој процес е обединување на сите расположливи сили заради создавање на ефект на синергија.
Исто така, тој зборуваше и за создавањето потреба за обрнување повеќе внимание и на комерцијалниот аспект кога е во прашање ДТА, напоменувајќи дека „клучните задачи што се наоѓаат пред нас се поврзани и со забрзувањето на производниот процес“.
Рогозин зборуваше за измените во структурата на ОКБ ПАО „Ил“ при што изјави дека реорганизацијата на ОКБ е должна да ја зголеми внатрешната дисциплина кога е во прашање почитување на договорените рокови, да ја зголеми целокупната организација на работата во однос на реализацијата на новите проекти, да ја зголеми мотивацијата на младите кои работат во нејзините капацитети и да ја оспособи целата компанија за стабилен професионален раст.
„Пред Обединетата воздухопловна корпорација стојат неколку основни задачи“, рече Алексеј Рогозин. „Своевремено исполнување на договорените обврски, зголемување на влијанието на меѓународниот пазар, работење со зголемена нето добивка со повеќекратно зголемување на производната ефикасност со синергија на сите овие фактори“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче