Во Русија почна склопувањето на првиот патнички авион Ил-96-400М

Ил-96-400Т

Ил-96-400Т

Global Look Press

Воронешката фабрика за авиони го почна составувањето на првиот широкотрупен млазен авион Ил-96-400М, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на соопштението на прес-службата на Авиокомплексот „Илјушин“.

„Работата на составувањето на техничката документација е во последната фаза, а паралелно со тоа се одвива склопување на елементите на каросеријата“, соопшти компанијата.

Во јули руската влада руската влада издвоил 1,32 милијарди рубли за Обединетата авиоградежна корпорација (ОАК). Овие средства се наменети за модернизација на фабриката за авиони во Воронеж и производство на авиони Ил-96-400М.

Авионите од семејството Ил-96 се широкотрупни патнички млазњаци чие масовно производство почна 1993 година. Направени се 30 примероци. Унапредениот Ил-96-400М ќе може да понесе до 400 патници и ќе има посилно мотори од своите „обични“ претходници.

За плановите за негово производство зборуваше во 2016 година Дмитриј Рогозин, тогашен вицепремиер. Во тоа време беа потрошени 5,9 милијарди рубли на модернизација и организација на производството на авиони. Тогаш се зборуваше дека Ил-96-400М би можеле да добијат Министерството за одбрана на РФ и специјалниот летачки одред „Русија“. Првите пет авиони ќе мора да ѝ бидат предадени на Државната транспортна лизинг компанија до 2023 година.

Прочитајте повеќе: „Туполев“ го најавува идниот патнички суперсоничен авион

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња