Рогозин најави постојана база на Месечината и масовно производство на космички ракети

Наука и технологија
ВОИСЛАВ ГАВРИЛОВИЌ
Русија во следните неколку години би можела да воспостави трајна, самостојна база на Месечината, а деталната стратегија на овој историски потфат ќе се најде во документот на „Роскосмос“ кој би требало да биде завршен во следниве десетина дена. Намерата на Москва да го „освои“ единствениот сателит на Земјата во следната деценија е позната веќе подолго време, но нејзината најнова потврда дојде од самиот директор на руската државна космичка агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

Тој во неодамнешно интервју за „Спутник“ соопшти дека Руската академија на науките и Научно-техничкиот совет на „Роскосмос“ во моментов работат на составување стратешка документација со која би требале да ја „претстават својата визија за ангажманот на Месечината“. Притоа важно е да се истакне дека МОсква пред себе има мошне поголем предизвик од Американците  во шеесеттите и во седумдесеттите години од минатиот век зашто нивна цел не е само да слетаат на Месечината, ами и потоа да воспостават трајно присуство на неа.

Затоа во текот на неодамнешната средба на Дмитриј Рогозин со неговиот американски колега, директорот на НАСА Џим Брајденптајн, како една од најважните теми беше разгледувана ревизијата на смислата на Меѓународната вселенска станица во цел на придонес на идните лунарни операции. Рогозин потврди дека Брајденштајн постигнал согласност за „ревизија на логиката на експериментот“ кој се врши на МВС, што значи дека тој ќе има нова смисла. Тоа ќе биде постигнување на човечка космичка автономија со константна поддршка од Земја, и тоа во поглед на залихите на воздух, вода и храна, како и поправки, па и производство на определени компоненти.

Руската космичка агенција „Роскосмос“ со таа цел веќе има намера да ја истражи можноста за употреба на лунарното тло како ресурс за тридимензионални печатачи, со што производството на различни делови од космичката инсталација ќе биде овозможено целосно независно од снабдувањето од Земјата. Рогозин потврди дека неговата агенција се убедува да сфати дали е можно од земјата и од минералите достапни на Месечината да се добие прав која потоа со 3Д печатач ќе биде обликувана во саканите компоненти на космичкиот хардвер. На тој начин одржувањето на лунарната инсталација и нивната поправка би биле драстично олеснети. Освен тоа, Месечината богата со силниот енергент хелиум-3 за кој Руската академија на науките е уверена дека може да се експлоатира и да се користи како гориво за летала и за други уреди.

Со оглед на тоа дека и Кинезите имаат слични планови, би можело да се случи целиот овој проект да се претвори во голем евроазиски подвиг за „освојување“ на Земјиниот природен сателит. „Не ја исклучуваме можноста нашата програма за летање на Месечината и за формирање на научна станица на нејзината површина да се реализира со нашите кинески колеги“; рече претходно Рогозин и додаде: „Тие би можеле да ни бидат рамноправен партнер веќе следниве години“.

„Роскосмос“ планира до 2021 година да ја започне својата прва мисија на Месечината без посада. Нејзината цел е да се анализира тлото и да се најдат најдобрите локации за поставување постојана база, веројатно некаде во близина на половите на сателитот. Самата база би била целосно роботизирана и ви можела автономно да функционира без директно човечко присуство, односно секојдневните активности би ги вршеле специјализирани роботи, додека космонаутите периодично би го посетувале објектот додека не се добијат услови за постојано човечко присуство. Дотогаш роботизираната база ќе биде целосно оперативна и подготвена да ги прифати космонаутите.

Нови ракети за нови хоризонти

За олку голем потфат на оддалеченост од речиси 385.000 километри од нашата планета, на Русија ќе ѝ бидат потребни нови транспортни средства со големи товарни капацитети. И додека развојот на новата супертешка космичка ракета на која работат РКК „Енергија“ и РКТ „Прогрес“ се држат во строга тајност, Рогозин неодамна проговори за плановите за развој на ново лансирно средство од семејството „Сојуз“ ракета, односно за „Сојуз-5“, и тоа со следниве зборови: „Работата на ракетата Сојуз-5 ќе биде поделена во две насоки. Од една страна корпорацијата Енергија ќе развие ракета за ново вселенско летало со посада (веројатно се мисли на леталото Федерација – заб. авт.), додека другата верзија на оваа ракета ќе биде полесна и комерцијална и неа ќе ја развива (приватната космичка компанија) Ѕ7. Тие ќе направат ракета базирана на решенијата за проектот Сојуз-5. Таа ќе биде поевтина и ќе може да се лансира од поморски лансирни платформи“. Се шпекулира дека развојот на овие ракети всушност е само чекор кон правење нова супертешка ракета која „Сојуз-5“ би ја користела како свои „бустери“ во првата фаза од лансирањето.

Освен „Сојуз-5“ руската космичка индустрија работи и на развој на новата модуларна ракета „Ангара-5“ која своето второ пробно лансирање би требала да го има следната година, а да воведено е и производството на старите ракети од типот „Протон“ чиј број на лансирања во следната година ќе биде драстично поголем од сега.

Реорганизација на космичката индустрија

Со цел да излезе на крај со новите стратешки барања и со толку големиот обем на планирани лансирања, руската космичка индустрија ви следната година и пол ќе биде подвргната на темелен процес на реконструкција со цел производството на вселенски летала и на друга опрема да се зголеми, да се забрза и дополнително квалитативно да се подобри. „Масовно производство“ е новиот слоган на „Роскосмос“ со намера да завладее со светскиот пазар на лансирна технологија и повторно да ја афирмира Русија како светски лидер во космонаутиката.

„Кога имате масовно производство, добивате профитабилна економија која ги користи постојните технички и технолошки решенија, па според тоа добивате и квалитет и сигурност“, рече Рогозин по тој повод. Тој потоа прецизираше дека разни ентитети на руската космичка индустрија ќе се прегрупираат во три гигантски корпорации од кои една ќе биде специјализирана за производство на ракетни мотори, друга за трупови на ракети и вселенски летала, а третата за летни и за други инструменти.

„Роскосмос“ во 2018 година ќе изведе вкупно 17 лансирања на космички ракети, додека за следната година се планирани повеќе од 35.

Прочитајте повеќе: Мисија „Вселенски лифт“: Дали сонот на рускиот научник ќе стане стварност по 120 години?