„Роскосмос“ покажа како би можел да изгледа вселенскиот брод на нуклеарен погон на чиј развој работи космичкиот научен центар „Келдиш“.
„Во моментов научниот центар „Келдиш“ работи на развој на вселенски летала со уште посилни мотори, односно со нуклеарни инсталации од нова генерација, на кои за сигурно функционирање нема да им биде потребна сончева светлина или соларни панели“, се наведува во соопштението на ТВ-студиото на „Роскосмос“ на „Фејсбук“.
Видеоснимката, која ги прикажува работите на развојот на вселенското летало, е објавена во склоп на прославата на 85-годишнината на центарот „Келдиш“.
Кон крајот на октомври руските научници изведоа копнени испитувања на системот за разладување за вселенскиот нуклеарен мотор (ЈАЕДУ) од мегават класата.
Работата на развој на транспортен енергетски модул базиран на нуклеарна погонска група од мегават класа почна во 2010 година. Поранешниот генерален директор на „Росатом“ Сергеј Кириенко соопшти дека нуклеарниот погонски систем ќе овозможи патувањето до Марс да се реализира за само еден и пол месец (на сегашниот степен на развој на технологијата би било потребно 10-12 месеци, и тоа во идеални услови кои постојат на секои две години кога Марс е најблиску до нашата планета, односно 55 милиони километри од нас).
Првично беше планирано копнена испитувања на нуклеарната погонска група да завршат во текот на 2015, за да може да се лансира леталото опремено со неа во 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче