Првата руска мисија на Месечината за последниве 40 години ќе се случи во 2021 година

NASA/ZUMAPRESS.com
Руските научници предлагаат првата мисија на автоматската меѓупланетарна станица на Месечината во историјата на современа Русија да се одложи за 2021 година. Овој предлог во изнесе Советот на Руската академија на науки за вселената, пренесуваат руските медиуми.

„Треба да ѝ се предложи на државната корпорација „Роскосмос“ лансирањето на вселенскиот апарат „Луна 25“ да го одложи за јуни-октомври 2021 година, земајќи ги предвид роковите за изработка на инструментот „Биус-Л“ и неповолните балистички услови за поставување на апаратот во орбитата на Месечината во 2020 година“, се наведува во документот.

Претходно во интервју за весникот „Росијскаја газета“ директорот на „Роскосмос“ Игор Комаров истакна: „Основата на руската лунарна програма ја сочинува лансирањето на три автоматски станици во периодот од 2019 до 2025 година. Првата станица „Луна-25“ (Луна-Глоб) по 43 години ја продолжува нашата програма за истражување на природниот сателит на Земјата. Нејзината задача е развој на технологијата на слетување и истражување на површината на Месечината на подрачјето на Јужниот пол. Втората станица „Луна-26“ (Луна-Ресурс) е орбитален апарат за проучување на Месечината од далечина и обезбедување врска со апаратот на нејзината површина. Третата станица „Луна-27“ (Луна-Ресурс-1) е сонда која слетува на површината на Месечината заради истражување и развој на технологијата за основање на постојана база на Месечината, како и заради проучување на реголитот и егзосферата. Лансирањето на четвртиот апарат „Луна-28“ (Луна-Грунт) ќе биде реализирано по 2025 година. Неговата задача е да донесе на Земјата примероци од површината на Месечината од длабочина од два метри во изворна состојба, првпат во историјата на проучувањето на сателитот на Земјата“.

Што се однесува конкретно до станицата „Луна-25” Игор Комаров изјави: „Малку нѐ задржа надворешната ситуација со испораките на некои инструменти за „Луна-25“ од странските партнери, но правиме сѐ да ги испочитуваме поставените рокови“.

Директорот на „Роскомос” истакна дека со оптимизам гледа на организирањето заеднички мисии на Месечината, што е важен и перспективен правец на развој. Лунарната програма опфаќа и основање на орбитална лунарна станица (DSG) во рамките на меѓународната соработка до 2026 година, додека во перспектива по 2030 година ќе биде основана и лунарна база. Во таа насока руските  стручњаци сериозно соработуваат со кинеските колеги и имаат голем број на планови.

Во јануари оваа година беше соопштено дека научниците го смениле местото на претстојното слетување на лунарната станица „Луна-25“. Таа треба да слета во близина на Јужниот пол на Месечината, северно од кратерот „Богуславски“, а не во самиот кратер, како што првично беше планирано. Ова место е избрано меѓу повеќе од десет разгледувани варијанти. Новиот реон има поволен релјеф и Сонцето  добро го осветлува. Се претпоставува дека тлото на тоа место содржи голема количина мраз. „Луна-25” треба да ја провери оваа претпоставка. Според мислењето на експертите, станицата треба да пронајде место за идната орбитална база со екипаж, а мразот е потребен експедицијата да се снабдува со вода  ракетно гориво.

Прочитајте повеќе: Зошто СССР не испрати човек на Месечина?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња