Во 1895 година рускиот научник Константин Циолковски за првпат ја изложил својата идеја за вселенски лифт. Знаел дека испраќањето на луѓето во вселената ќе биде скапо и сметал дека електричниот лифт би можел да ги искористи инерцијата и гравитацијата за да заштеди енергија.
Според неговата замисла сајла долга 36 километри би била прицврстена за Земјата на екваторот, а другиoт крај на орбиталната станица. По неа би се движел лифтот. Научникот, меѓутоа бил свесен дека не постои материјал кој би можел да ја поднесе тензијата помеѓу Земјата и вселената.
До неодамна никој не веруваше во остварувањето на идејата на Циолковски. Дури ни иноваторите во приватните истражувања на космосот како што е Илон Маск не сметаа дека оваа идеја има иднина.
„Тоа е мошне комплицирано. Не мислам дека е реално да се направи всленески лифт“, рече Маск на конференција во февруари 2015 година во MIT, додавајќи дека би било полесно да се „направи мост од Лос Анџелес до Токио“, одошто лифт кој би кревал товар во вселената.
Константин Циолковски (1857-1935) бил голем руски и советски научник, основач на космонаутиката и пионер во поставување на астронаутските теории.
SputnikНо, кон крајот на септември оваа година Јапонската агенција за аеронаутичко истражување и НАСА докажаа дека оваа идеја може да стане реалност. Тие изведоа експеримент на Меѓународната вселенска станица кој покажа дека вселенскиот лифт всушност би можел да функционира.
Во експериментот два минијатурни коцкести сателити беа пуштени во вселената од станицата. Беа поврзани со челична сајла, при што контејнерот се движеше по кабел, користејќи го сопствениот мотор. Помеѓу коцкестите сателити има челична сајла долга 10 метри.
Овој експеримент беше само приказ за тоа како би можел да изгледа вселенскиот лифт во полна величина која би се протегал од Земјата до вселенската станица во орбитата. Некои глобални технолошки компании веќе почнаа да се тркаат која прва ќе ја реализира оваа идеја.
Градежната фирма од Токио Оbayashi Corp соопшти дека планира до 2050 година да изгради вселенски лифт, а според наводите на новинската агенција „Синхуа“ кинескиот Истражувачки институт за ракетна технологија се надева дека во тоа ќе успее дури пред 2045 година.
Вселенскиот лифт би можел да стане најголемиот градежен проект кој некогаш бил изведен, а изградбата би чинела близу 10 милијарди американски долари. Цената би можела да се намали така што корисниот товар би се испраќал во вселената. Вселенските агенции во моментов користат ракети кои се мошне ризични и притоа се штетни за околината.
Кога ќе се изгради, вселенскиот лифт би можел во вселената да носи еден килограм товар по цена од 500 американски долари, што е мошне поевтино од моменталните 20.000 американски долари за килограм, според податоците од извештајот на Меѓународната академија за астронаутика.
„Мислам дека првите лифтови ќе бидат автоматски, а потоа, за 10-15 години ќе имаме шест до осум лифтови кои ќе бидат доволно безбедни за превоз и на луѓе“, вели Питер Свон, претседател на Меѓународниот конзорциум за вселенски лифт и главен автор на извештајот на Меѓународната академија за астронаутика.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче