„Роскосмос“ и Кинеската национална вселенска агенција договорија соработка на проектите во сферата на истражување на вселената и подалечниот космос, соопшти руската државна корпорација.
Во Пекинг е одржана седница на поткомисијата за соработка во областа на вселената на руско-кинеската комисија за подготовка на редовните состаноци на премиерите на двете земји, соопшти службата за односи со јавноста на „Роскосмос“.
Поднесени се извештаи за вселенската активност на Русија и Кина и е разгледана соработката на амбициозните заеднички проекти. На крајот на седницата е потпишан протокол за понатамошни чекори во приближување на позициите во рамките на реализацијата на заедничките проекти како што се правење на ракети-носачи и ракетни мотори, истражување на Месечината и далечната вселена, истражување на Земјата, создавање на вселенска електронска компонентна база, систем на мобилни комуникации во ниската орбита, како и мониторинг на вселенскиот отпад, се наведува во соопштението.
Наредната седница на поткомисијата ќе биде одржана во Москва идната година. Претходно денеска раководителот на одделението за нуклеарна планетологија на Институтот за космички истражувања на Руската академија на науки Игор Митрофанов изјави дека Русија би можела да ја изгради првата населена станица на Месечината во 2030 година.
Како што се соопштува, „Роскосмос“ од Централниот научно-истражувачки институт за машиноградба, водечката институција во ракетно-космичката индустрија, побара да развие планови за освојување на Месечината во соработка со странски земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче