Во Сибир направено средство за спасување на реките од еколошки катастрофи

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Научниците од Сибирскиот федерален универзитет (СФУ) врз основа на биоматеријали од сировини од локално потекло направија ефикасно средство за апсорпција наменето за чистење на реките, соопшти прес-службата на универзитетот за РИА „Новости“.

Водите во природата денес често имаат зголемена содржина на отровни материи, на пример, на нафтени деривати и соединенија на метал (железо, бакар, манган). Средството што го направија научниците од СФУ ќе придонесе за намалување на нивото на загаденост на големите руски реки. Основата на новото средство за апсорпција, кое ги впива штетните материи, ја сочинуваат сировината со растително потекло од сибирскиот ариш Lárix sibírica, како и компоненти со животинско потекло (хитозан).

Според мислењето на авторите, ова средство ќе биде ефикасно не само кога се работи за јоните на тешките метали, туку и за боите со органско потекло.

Научниците на Сибирскиот федерален универзитет сметаат дека новиот материјал ќе најде примена како филтер за пречистување на водите и дека ќе им биде препорачан за употреба на големите индустриски претпријатија.

Прочитајте повеќе: Сибирски научници ја открија најкорисната риба на светот