Истражувачите од Сибирскиот федерален универзитет (СФУ) и Институтот за биофизика на Сибирското одделение на Руската академија на науки открија рекордна содржина на полинезаситени масни киселини омега-3 во рибата боганидски голец која живее во арктичката зона на Сибир.
Рибите и морските плодови се главниот извор на полинезаситени масни киселини од семејството омега-3: еикозапентаеноинските и докозахексаеноинските. Нивната употреба го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и ја подобрува активноста на мозокот. Светската здравствена организација препорачува секојдневно да се внесува барем еден грам од овие супстанци.
Според шефот на катедрата за водни и копнени екосистеми на СФУ Михаил Гладишев, во боганидскиот голец нивото на омега-3 киселина достигнува 33 милиграми по грам.
„Со дневно конзумирање на само 30 грама од оваа риба, која го населува северот на Краснојарскиот крај, се задоволува дневната препорачана доза на корисни масни киселини“, истакнува тој.
Гладишев додава дека научниците не откриле значајни фактори кои би укажувале на тоа дека морската риба е покорисна од слатководната. На пример, во мускулното ткиво на сардината вкупната количина на еикозапентаеноинска и докозахексаеноинска киселина достигнува 25 милиграми по грам биомаса.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче