„Инженерите на Универзитетот во Самара добија патентно право од Федералната служба за интелектуална сопственост за уред што произведува вода и електрична енергија со помош на силата на ветрот. Креаторите на пронајдокот – кои инаку се вработени во одделението за термален инженеринг и термални мотори на Универзитетот во Самара – истакнаа дека тој е незаменлив во суви и пустински краишта“, се наведува во соопштението.
Според соопштението на прес-службата, функционирањето на автономниот енергетско-независен уред „Вртложен извор“ (рус: „Вихревой родник“) е базирано на принципот на кондензација. Атмосферскиот воздух содржи влага, кога ќе се олади влагата се кондензира, што резултира со чиста дестилирана вода. Главната карактеристика на уредот што го направија научниците на Универзитетот во Самара е употребата на виорскиот ефект за производство на вода и струја.
Уредот е направен од пластика, висок е од шест до десет метри, а пречникот му е од еден до два метра. Во текот на денот „Вртложниот извор“ може да произведе околу 0,8 кубни метри чиста, студена вода.
„Многу е важно да се истакне дека извлекувањето на водата од атмосферата е најевтино во споредба со другите методи. На нашиот уред не му се потребни никакви дополнителни финансиски средства за да функционира. Доволни се еднократни, минимални трошоци за неговото монтирање и инсталација“, се цитира во соопштението коментарот на еден од пронаоѓачите, професорот од отсекот за термален инженеринг и термални мотори на Универзитетот во Самара Владимир Бирјук.
Тој додаде и дека работата на системот, благодарение на употребата на обновливите ресурси како што се ветрот и соларната енергија, е таква што „Вртложниот извор“ е потполно еколошки чист.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче