На видеоснимката објавена на телевизискиот канал „Ѕвезда“ е прикажан лет на борбени авиони од петтата генерација Су-57, кои се појавија во пар. Видеоснимката е направена од задната врата (рампата) на воено-транспортен авион Ан-12, благодарение на што камерманот успеа да сними сјајни детали.
Водителот на ТВ-каналот „Ѕвезда“ притоа ја забележува нивната специјална шема за маскирање која ја имаа овие авиони.
Су-57 е повеќенаменски авион-ловец од петта генерација, конструиран со употреба на технологија која му овозможува радарска невидливост. Овој авион го дизајнираа воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Ловецот може да се употреби против воздушни, копнени и поморски цели.
Британските новинари при опишувањето на вооружувањето кое може да го понесе овој руски авион предупредија дека станува збор за летало кое е проектирано за „третата светска војна“. Тој може да носи ракети од класата „воздух-воздух“ со дострел од 300 км, но и најнови ракети „воздух-земја“ и „воздух-вода“ кои летаат со хиперсонична брзина (ракетен систем „Кинжал“).