Су-57
sukhoi. org/Global Look PressМинистерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу вчера им откри на новинарите дека два руски авиона Су-57 (познати и како ПАК ФА и Т-50) успешно ја завршиле дводневната мисија во Сирија.
Претходно беше соопштено дека ловецот од петта генерација Су-57 во состав на вооружувањето на руската војска ќе биде примен 2018 година.
Су-57 припаѓа на класата тешки ловци. Перспективниот авијациски комплекс на фронтовската авијација Т-50 (ПАК ФА, Су-57) е руски повеќенаменски ловец со максимална брзина на летање од три илјади километри на час. Авионот може да носи десет ракети наменети за воздушен бој и десет за напади врз цели на копно. Девет ракети ќе бидат од нова генерација. Су-57 ќе биде опремен со авионски топови калибар 30 мм.
Авионот има суштински нов систем на длабоко интегрирана авионика со висок степен на автоматизација на управувањето и паметна поддршка на екипажот, што на пилотот му овозможува да се концентрира врз исполнувањето на тактичките задачи.
Авион Су-57 ќе добие и нов систем за електронска борба кој ќе може да имитира масовен ракетен удар врз непријателот.
Инаку, според слабата забележливост тој нема рамни на себе меѓу постојните модели. На авионот на големо се применуваат композитни материјали кои сочинуваат 25 отсто од масата на празното летало. Машината се одликува и според широката примена на најновите технологии кои значително ја олеснуваат работата на пилотот. Овој ловец според некои податоци е во состојба да развива надзвучна брзина без форсирање и може да соборува воздушни цели на растојание од 200 километри.
Најновиот ловец од петта генерација Су-57 благодарение на огромниот потенцијал за модернизација може многу лесно да стане ловец од шеста генерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче