Руските ловци Су-57 ги добиваат новите „невидливи“ бомби „Дрељ“

„Дрељ“ – руската едречка авионска бомба.

„Дрељ“ – руската едречка авионска бомба.

TASS
Мултифункционалните руски ловечки авиони од петта генерација Су-57 добиваат ново вооружување – неодамна направената паметна авионска бомба „Дрель“.

Ова го соопшти агенцијата „Интерфакс-АВН“ повикувајќи се на Александар Кочкин, заменик-генерален директор на концернот „Техмаш“ кој е дел од корпорацијата „Ростех“. Според него, оваа бомба ќе можат да ја користат различни борбени авиони.

„Во перспектива и на ловецот Су-57 ќе му биде овозможена примена на оваа авионска бомба“, го цитира агенцијата својот соговорник.

Авионската бомба „Дрељ“ е тешка 500 килограми и уништува непријателски објекти на значително растојание, така што авионот кој ја носи не мора да влегува во зоната на дејство на непријателската противвоздушна одбрана. Исфрлената бомба сама едри кон целта, а потоа кон непријателските објекти и позиции се насочуваат нејзините самонаведувани борбени елементи.

Бомбата може да едри десетици километри и да уништува дури и  тешка техника. „Дрељ“ е незабележлив за непријателските радари.

Како што се дознава, планирано е државното тестирање на бомбата „Дрељ“ да заврши оваа година, а веќе наредната година може да почне нејзиното сериско производство.

„Ако тестирањето биде успешно, мислам дека сериското производство ќе почне 2019 година. За 2018 година планиравме да го завршиме државното тестирање и ако сѐ биде успешно, Министерството за одбрана ќе ги нарача овие бомби и ќе ги смести во својот арсенал“, рече Александар Кочкин.

Во наредниве години бомбите ФАБ-500 кои не можат да се наведуваат ќе бидат заменети со самонаведуваните едречки авионски бомби „Дрељ“. Се работи за касетна бомба со 15 елементи кои содржат бакарни ударни јадра.

Едречките авионски бомби се многу поевтини од високопрецизните ракети затоа што немаат ракетен мотор. Притоа експлозивната маса на бомбата од 500 килограми како што е „Дрељ“ сочинува70% од нејзината вкупна тежина. Со други зборови, една боева глава содржи преку 370 кг експлозивна супстанца наполнета со бакарни јадра кои при експлозијата се распрснуваат на сите страни со брзина од 3 километри во секунда и целосно пробиваат секаков оклоп.

Новата авионска бомба може да биде исфрлена врз непријателот на оддалеченост од 30 километри, а благодарение на системот за навигација ГЛОНАСС може прецизно да ја погоди целта (за разлика од гравитациските и едречките бомби направени во минатиот век). Оружарите планираат во иднина да вградат во својот производ високоенергетски мотор со кој драстично ќе се зголеми дострелот на „Дрељ“.

Прочитајте повеќе: Руската армија ги добива самонасочувачките бомби „Дрељ“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња