Авионите-ловци од петта генерација Су-57 (ПАК ФА) во своето вооружување од класата „воздух-воздух“ ќе ја имаат и новата ракета со ознака Р-37М која според денешните стандарди спаѓа во оружје со екстремно голем дострел. Ова за руската новинска агенција ТВ „Ѕвезда“ го изјави Борис Обносов, првиот човек на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (Тактическое ракетное вооружение).
Оваа ракета е долга 4,06 метри и е тешка повеќе од половина тон. Максималниот дострел на ракетата е над 300 км, додека зоната на уништување во висина се наоѓа во опсегот од 0,015-25000 метри. Таа на својата траекторија остварува брзина која е 6 пати поголема од брзината на звукот, а се карактеризира и со исклучително распрскувачко-разорна боева глава која на потенцијалната цел не ѝ остава никаква шанса за преживување. Во завршниот дел од својата траекторија кон целта се наведува со помош на активна радарска глава за самонаведување која ја зафаќа целта на далечина од 40-50 км (систем истрелај и заборави).
Таа е способна да уништи огромен дијапазон на различни воздушни цели како што се авиони-ловци, јуришни авиони, бомбардери, крстосувачки ракети и хеликоптери, во сите метео услови без оглед на добата на денот (ден/ноќ), и без оглед на обемот и интензитетот на електронските пречки од непријателот. Покрај Су-57, овие ракети ќе можат да ги носат и авионите-ловци од генерацијата 4 и 4++ како што е пред сѐ МиГ-31, но и Су-27 и Су-35.
Важно е да се истакне дека оваа ракета нема апсолутно никаква конкуренција во светот (американската ракета „воздух-воздух“ со најголем дострел AIM-47 „Фалкон“ има максимален дострел од „само“ 210 км). Вистина, Американците се обидуваат да го достигнат рускиот пандан со перспективната ракета со голем дострел AIM-152 AAAM кај која во тестирањата е остварен максимален дострел од 270 км и која повеќе не се наоѓа во оперативното вооружување. Во нивните медиуми руските ракети со голем дострел од класата „воздух-воздух“ се третираат како „високоризично“ оружје кое е исклучително опасно кога е во прашање удар од дистанца по стратешки воздушни објекти какви што се, на пример, „летечките радари“ кои служат за откривање, следење и наведување на ловечката авијација, потоа авио-танкерите, стратешките бомбардери, но и авионите-ловци од петта генерација како што се F-22 „Раптор“ и F-35 „Лајтнинг II“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче