Врз рускиот борбен авион од петта генерација Су-57 во овој момент се врши блок испитувања на комплексот за врска од нова генерација С-111. Важно е да се спомене дека овој комплекс поради својата сложеност и техничките барања е развиван во фази, така што дури денес конечно се стекнаа сите неопходни услови тој да биде тестиран во целосен обем со сите компоненти.
Резултатот од примената на новата технологија интегрирана во комуникацискиот систем од нова генерација С-111 овозможуваат добивање на тнр. ефект на синергија, кој не беше својствен на досегашните комуникациски системи. Новиот систем значително го подобрува квалитетот на врската во Воздушно-космички сили на руската армија, каде воопшто не влијае на радарската видливост на авионот. Благодарение на својата модуларност овој комплекс може да се примени на помодерните авиони и хеликоптери кои се наоѓаат во составот на руската армија.
Комплексот С-111 обезбедува потполно заштитена комуникација меѓу борбените летала и командните пунктови за управување кои се наоѓаат на земјата. За примопредавање на информациите се користат компјутеризирани формати кои користат магистрали на податоци со висока пропустлива моќ со брзина од 34 мб/сек. Радиусот што го покрива новиот комуникациски систем може да достигне 1500 км, што обезбедува цврста и стабилна комуникација со останатите системи за врска и овозможува непречено дејство во длабоката позадина на непријателот. Преку заштитените канали можат да се разменуваат аудио и видео податоци во реално време, што е од исклучително значење за изведување на современа мрежноцентрична воена операција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче