Русија гради потполно роботизирана подморница со екстремни параметри во далечината на пловење

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Карактеристиката на новиот комплекс „Сарма“ се состои во тоа што тој нема да се движи со помош на нуклеарен реактор, туку со помош на анаеробна погонска единица. Предностите на овој погон се поголемата економичност и заштитата на животната средина.

Во централното конструкторско биро „Лазурит“ од Нижни Новгород почна изградбата на беспилотен подводен објект за екстремно долги поморски експедиции за истражување на Северниот морски пат. Од овој дрон-подморница се очекува во автономен режим на работа да помине и до 10000 км под плочите на арктичкиот мраз.

Како што пренесува РИА „Новости“, заменик-генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања – ФПИ Игор Денисов изјави дека во опитните погони на ЦКБ „Рубин“ е направена специјална лабораторија во која ќе се пристапи на изградбата на првиот демонстративен модел на ова пловило.

„До 2020 година планираме да направиме вкупно три вакви демонстратори, по што ќе почне сет од експериментални тестирања во акваторијата на Црното море, поточно од Севастопол до Сочи и обратно. Три години подоцна (2023 година) планираме да го извршиме своето прво успешно освојување на Северниот морски пат“, нагласи Денисов.

Во Русија веќе се направени подводни беспилотни пловила способни да совладаат слично или дури и уште поголемо растојание. На пример, длабоководниот подводен апарат „Посејдон“ кој всушност претставува роботизирана атомска подморница.

Карактеристиката на новиот комплекс „Сарма“ се состои во тоа што тој нема да се движи со помош на нуклеарен реактор, туку со помош на анаеробна погонска единица. Предностите на овој погон се поголемата економичност и заштитата на животната средина.

Основната задача на дронот-подморница „Сарма“ е детектирање на сеизмичка подводна активност и обезбедување на сигурна пловидба по Северниот морски пат. При изведувањето на својата мисија подводниот дрон ќе се ориентира со помош на сопствена навигација, т.е. нема да биде поврзан со сателити.

Прочитајте повеќе: НАТО доби совет да се чува од „тајната морнарица” на Русија