Конструкторите го покажаа изгледот на перспективната атомска подморница од петта генерација „Хаски“

malachite-spb.ru
Петербуршкото конструкторско биро „Малахит“, специјализирано за развој на подморници, објави постер на кој е прикажано подводно пловило со чудни контури за кое се верува дека е перспективната атомска подморница од петта генерација „Хаски“.

Ова не е првпат конструкторското биро „Малахит“ да објавува дизајн на перспективни подморници. Имено, во деведесеттите години од минатиот век тие во магазинот „Гангут“ го објавија изгледот на  подморницата „Јасен“ кој потоа се покажа како многу прецизен.

Дека изгледот на атомската подморница „Хаски“ е дефиниран, беше јасно кон крајот на минатата година. Подморницата ќе биде опремена со роботи кои се во состојба да функционираат и во вода и на копно, како и со најсовремено оружје, вклучително и со хиперсонични ракети „Циркон“.  

Судејќи по постерот, лансерите на ракети се наоѓаат на предниот и средниот дел на пловилото. Во предниот дел веројатно ќе се користи модификација на универзалната лансирна рампа са осум крстосувачки ракети „Калибар“, смета воениот коментатор Илја Крамник.

Во средниот дел на подморницата се покажани осум капаци под кои исто така се кријат лансери. Со оглед на изедначувањето на проектот со подморниците „Јасен“, по секој капак би можело да се наоѓа контејнер со четири „Оникси“/“Циркони“ или пет „Калибри“. На тој начин подморницата ќе биде вооружена со 40 до 48 крстосувачки ракети од разни типови.

Во предниот дел е прикажан капак за торпедните уреди, но тешко е да се поверува дека тоа би можело да бидат торпедни уреди, тврди експертот. Како што истакнува тој, со оглед дека во првиот оддел се распоредени ракети, резервните торпеда таму едноставно нема каде да се складираат. Затоа се верува дека во предниот дел се поставени контејнери за лансирање на лажни цели, односно симулатори на бучавата на подморницата изработени во димензии на торпедо. А торпедата се како кај подморниците „Јасен“ се сместени во средниот дел на трупот. Или е применета уште пореволуционерна технологија, па торпедата се исфрлаат надолу како што стратешките бомбардери ги исфрлаат ракетите, смета Крамник.

Задниот дел е очигледно изедначен со подморниците „Јасен“, забележува експертот, истакнувајќи дека клучното прашање всушност е кога ќе почне да се гради целата таа убавина, претпоставувајќи дека тоа ќе се случи за две до три години.

Прочитајте кои се најбруталните руски подморници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња