Русија нема да ги каже карактеристиките на беспилотниот подводен апарат на атомски погон „Посејдон“

Скриншот

„Русија нема да објавува информации за карактеристиките на атомската подморница без екипаж „Посејдон“, за која во своето обраќање до Федералното собрание и јавноста зборуваше претседателот на Русија“, изјави за агенцијата „Интерфакс“ раководителот на Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов.

„Владимир Путин само најави некои од карактеристиките на таквите  апарати. Се работи за еден од случаите во кои деталните карактеристики во принцип не се изнесуваат во јавност“, рече Рахманов.

„Претседателот рече дека подморницата-робот со нуклеарен енергетски уред не е прототип. Јас не можам да кажам ништо повеќе од она што тој го кажа, меѓутоа, тоа не е фантазија, прототипови, ниту цртани филмови. Тоа се примиероци кои постојат во реалноста“, додаде Рахманов. 

Шефот на руската држава во обраќањето до Федералното собрание изјави дека во Русија се создаваат беспилотни подводни апарати кои можат да пловат на голема длабочина и на интерконтинентални релации со брзина повеќе пати поголема од онаа што ја развиваат подморниците, најмодерните торпеда и најбрзите површински бродови. Беспилотните подводни апарати можат да бидат опремени со конвенционални и нуклеарни боеви глави, што им овозможува да уништуваат широк спектар на цели, вклучувајќи и групи на носач на авиони, крајбрежни утврдувања и инфраструктура, нагласи Путин.

Прочитајте повеќе: Тестирана руска нуклеарна подводна ракета со неограничен дострел

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња