Американски портал пишува за руското оружје на „Судниот ден“

Руските подводни беспилотни апарати со термонуклеарно полнење можат да уништат крајбрежен град, да предизвикаат цунами и да направат огромна територијална површина неповолна за живот, пишува американскиот портал „Бизнис Инсајдер“ (Business Insider).

Се работи за системот „Статус-6” за кој, без да ги споменува неговиот назив, на 1 март зборуваше претседателот на Русија е Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание. Роботизираната мини-подморница (или џиновско торпедо, ако милувате) може да се движи со брзина до 100 јазли на длабочина од 1000 метри и така не може да биде откриена, а уште помалку може да биде пресретната со помош на постојната техника.

Говорејќи за подводниот беспилотен апарат, претседателот на Русија ја спомена неговата способност да стигне до други континенти. Според мислењето на експерт на американскиот портал, доаѓањето на вакво оружје до американските брегови би имало катастрофални последици.

„Експлозија во крајбрежните води на оружје со сила од 50 мегатони ќе предизвика земјотрес и цунами високо 100 метри. Десетиците тони морска вода кои експлозијата ќе ги крене во воздух потоа ќе паднат на брегот во вид на радиоактивни врнежи”, изјави истражувачот на нуклеарно оружје, физичарот Рекс Ричардсон. Тој истакнува дека во тој поглед најзагрозени се Лос Анцелес и Сан Диего поради силните морски ветрови.

Подводните беспилотни апарати би требало да ги носат модифицираните нуклеарни подморници. Познато е дека најмалку две руски подморници се прилагодени за работа со длабоководни апарати: едната е модифицираниот „Белгород“, а втората „Хабаровск“ која се наоѓа во изградба во бродоградилиштето  „Севмаш”. Овие подморници од долната страна имаат систем за прицврстување на товар, така што ни од брегот ни со помош на сателити не може да се види што носат.

Кон крајот на 2017 година успешно беше тестиран нуклеарниот погонски систем за подморница-робот. После конкурсот за избор на име за новото оружје што го распиша руското Министерство за одбрана, решено е длабоководниот беспилотен апарат да го добие името „Посејдон”.

Прочитајте повеќе: Новото руско торпедо ги лови бродовите по трагата во водата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња