Русија склучи договор вреден 5 милијарди долари за продажба на системот С-400 „Триумф“ на Индија

Наука и технологија
НИКОЛАЈ ЛИТОВКИН
Москва ќе ја снабди Индија со својот најнов систем за ПВО и покрај американските закани со санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди на 5 октомври потпишаа договор вреден пет милијарди долари. Сега Москва мора да направи одреден број системи С-400 „Триумф“ способни да изградат „небесен штит“ околу индиските граници.

Договорот е склучен и покрај незадоволството на Вашингтон и заканите со потенцијални санкции против Индија.

Датумот на испорака во овој момент не е познат, затоа што Русија мора исти системи да направи и за Турција и Кина пред да испрати за Индија.

Што е С-400?

С-400 „Триумф“ е најновиот руски систем за противвоздушна одбрана и се смета за најдобро средство од тој вид.

Може да собори секаква модерна и перпективна воздушна мета – почнувајќи од ненаведувани бомби до ултрамодерни авиони од петта генерација, како и крстосувачки ракети и интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни боеви глави.

Секоја извозна батерија С-400 „Триумф“ се состои од четири лансирни инсталации со по четири ракети. Според тоа, вкупно секоја батерија има 16 ракети способни да соборуваат авиони од петта генерација и крстосувачки ракети на растојанија до 200 километри. А тука е и резервниот борбен комплет кој е исто така предмет на договорот и ќе се наоѓа на теренот. Згора на тоа, договорот вклучува и транспортни машини, радарски станици, команден центар и цела низа возила за поддршка.

Што е следно?

Покрај договорот за С-400, Русија и Индија разгледуваат потпишување на договор за испорака на првата тура на заедничките „Брамос“ ракети на неименувана азиска држава. Извозната верзија на ракетата може да погоди погоди поморски и копнени мети на растојанија до 300 километри и да лета со брзина 2,8 пати поголема од брзината на звукот. Русија и Индија исто така ја разгледуваат опцијата за заедничка работа на правење хиперсонична верзија на ова оружје.

Прочитајте повеќе: Индија прифати да набави ПВО-систем С-400 „Триумф“ за сума од 5,43 милијарди долари