Кое оружје им го продава Русија на армиите на другите земји?

Офицери од странски армии со автоматот АК-308 „Калашников“ на штандот на истоимениот концерн на изложбата „Утрешнината на руската армија“ во рамките на четвртиот меѓународен воено-технички форум „Армија 2018“, Кубинка.

Офицери од странски армии со автоматот АК-308 „Калашников“ на штандот на истоимениот концерн на изложбата „Утрешнината на руската армија“ во рамките на четвртиот меѓународен воено-технички форум „Армија 2018“, Кубинка.

Алексеј Куденко/Sputnik
Руските фрегати, ракети и хеликоптери ќе ја зајакнат одбранбената моќ на азиските и на африканските земји по воената изложба „Армија 2018“ во Подмосковје.

Рускиот воено-индустриски сектор по изложбата ќе добие дополнителни 300 милиони американски долари за испорака на оружје на разни странски воени структури. Главно тоа се азиски и африкански земји кои ќе ја добијат најновата воена опрема, смета Александар Михеев генерален директор на компанијата „Рособороноекспорт“.

Да видиме што конкретно добиваат определени земји.

Што заминува во Азија?

Фрегата од типот „Талвар“ од проектот 1135.6

Пред сè Индија ќе добие две руски фрегати од проектот 1135.6. Овие два брода беа наменети за руската Црноморска флота, но воениот врв дојде до заклучок дека таа веќе има доволно добра опрема за заштита на овој регион и дека споменатите бродови можат да ѝ бидат препуштени на Индија како партнер на Русија.

Станува збор за најновите руски проекти за бродови кои можат да бидат вооружени со познатите крстосувачки ракети „калибар“, како и со противбродските ракети „Оникс“. Во овој момент сè уште не се знае која конкретна парија оружје и муниција ќе биде испорачана за овие бродови, но се очекува тоа да се дознае во текот на следните месеци.

Транспортно возило со лансер на противваздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ на изложбата на авијациска и противвоздушна техника на военотехнички форум „Армија 2018“.

Руските официјални лица на воената изложба „Армија 2018“ потврдија дека Индија е на списокот земји кои ќе ги добијат системите за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“ и дека договорот ќе биде потпишан до крајот на 2018 година на незадоволство на Вашингтон и на американските закани за воведување санкции за Индија.

Покрај договорот поврзан со С-400 Русија и Индија ја разгледуваат можноста за потпишување договор за испорака на првата партија ракети од заедничкото руско-индиско производство „Брамос“ на една азиска земја (името на оваа земја не се обелоденува пред завршувањето на преговорите). Извозната варијанта на оваа ракета уништува морски и копнени цели во радиус од 300 километри, а кон целта лета со брзина која е 2.8 пати поголема од брзината на звукот. Русија и Индија исто така ја разгледуваат можноста за производство на хиперсонична верзија на ова оружје.

Договори со висока сума треба да бидат потпишани и со Филипини. Во овој момент двете земји преговараат за купопродажба на рускиот „тивок убиец“, односно на дизел-електричната подморница од проектот 636.6 „Варшавјанка“.

Овие подводни џинови се познати како најтивката подморница на светот, а се вооружени со крстосувачки ракети „Калибар“. Наскоро ќе се знае дали Филипинската воена морнарица ќе го добие ова зајакнување.

Самоодниот противтенковски топ „Спрут СД“ за време на динамичката презентација на програмата во водниот кластер на четвртиот Меѓународен воено-технички форум „Армија 2018“, Кубинка.

Во план е голема испорака на руско оружје за Индонезија. Оваа земја ќе добие нов самоодечки артилериски систем „Спрут-СДМ1“ со калибар од 125 милиметри. Тоа е идеално противтенковско оружје кое може да се десантира на бојното поле и да предизвика вистински „пекол“ на првата линија на фронтот и во непријателската позадина.

Како стојат работите во Африка и на Блискиот Исток? 

Хеликоптерот Ка-52К на изложбата на воена техника на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2018“, полигон Алабино.

Најголемата партија оружје во овој регион ќе биде наменета за вооружување на некогаш руските, а сега египетски универзални десантни бродови „Мистрал“. За време на изложбата „Армија 2018“ земјите ја потврдија намерата да потпишат договор за испорака на Египет на руските воени хеликоптери Ка-52К за овие бродови. Претходно експертите на двете земји треба да ги прецизираат сите технички детали на извозната варијанта на хеликоптерот, и штом тоа ќе биде направено договорот може да биде потпишан.

Сиера Леоне ќе потпише договор за купување руски блиндирани возила „Камаз“ за својата армија. Според Симеон Шериф, заменик-министер за одбрана на Сиера Леоне, претставниците на армијата на оваа африканска земја се импресионирани од тактичките можности што руските возила им ги нудат на војниците на фронтот и велат дека им се потребни токму такви автомобили.

Погледнете го видеото со оружјето кое Русија најмногу го извезува

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња